Кариера

Како најлесно да се вклопите на новото работно место?

Напишано од Пјер

Доколку спаѓате во среќниците кои пронашле нова работа, но се плашите дека нема да можете да ја оправдате укажаната доверба за дадената позиција, еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да се вклопите најдобро во новата средина.

– Водете сметка за својата гардероба, бидејќи таа понекогаш го прави човекот.

-Потрудете се вие први да им се преставите на колегите, бидејќи вие последни дојдовте во овој колектив и пожелно е први да се преставите.

-Потрудете се што повеќе да дознаете за компанијата во која сте се вработиле, на тој начин полесно ќе се снајдете во работата.

-Доколку за нешто не сте сигурни како се работи немојте да се срамите да ги прашате постарите колеги за помош. Тоа е дефинитивно подобро отколку на стартот да направите некоја голема грешка.

-Бидете дружељубиви и пријатни, но воздржете се од интимни разговори кои подоцна може да се претворат во озборување.

-Доаѓајте на работа навреме и не се плашете да останете некоја минута подоцна за побрзо да ја научите работата.

-Покажете им на колегите дека тие можат да сметаат на вас и вашата помош.

-Обидете се на работното место да дадете се од себе, зрачете со самодоверба, но не и со ароганција.

За авторот

Пјер