Одржување

Како правилно да го одржувате гардероберот

Напишано од martin

Ниту еден маж не е ист, што значи дека ниту еден машки гардеробер не е исто распореден. Мажите често ги делиме на два типа, на уредни и неуредни. Уредниот гардеробер може многу да ви помогне и да ви заштеди на време.

Организација

Организацијата е клучна работа за вашиот гардеробер. Морате точно да знаете каде ќе ви стојат вашите дневни аксесоари, не можете се да ставате на едно место. Поделете го вашиот гардеробер на неколку сектори, така тој ќе биде поуреде.

Користете закачалки

Ако во гардероберот имате простор за закачалки, тогаш веднаш ставете бидејќи на тој начин ќе имате прегледно уредени кошули и јакни.

Решете се од молците

Молците се најголем непријател на гардеробата. Ако забележите дупки на вашите модни парчиња, тоа е сигурен знак дека имате молци во него.

Хигиена и прашина 

Ако сакате вашиот гардеробер да биде совршен во секоја смисла на зборот, тогаш треба да водите грижа за хигиената. Прашината е исто така голем непријател на гардеробата, а со текот на времето треба да го исчистите со цел да ја намалите прашината.

За авторот

martin