Економија

Како се збогатиле богатите?

Напишано од Пјер

Во книгата „How the rich get rich“ Јеф Хаден ги споделил резултатите кои ги добил со собирање на информации од 400 даночни пријави на лицата кои имале најмногу бруто приходи.

Иако овие податоци можат да бидат само една варијанта од реалноста, Spectrem Group, која проучувала 132.000 Американци кои поседувале повеќе од 25 милиони долари, изнела информации за тоа како богатите тврдат дека ги заработиле своите пари.

Еве што тие кажале дека придонело за нивниот успех:

Напорна работа: 87%

Образование: 78%

Паметно инвестирање: 72%

Ризикување: 63%

Штедливост: 59%

Тоа што биле на вистинското место во вистинското време: 56%

Среќа: 53%

Водење на работата: 46%

Помош од советник: 35%

Наследство: 30%

За авторот

Пјер