Задолжително

Како вистински да уживате во пурата?

Напишано од martin

Да знаете како вистински да уживате во пурите е еден момент кој треба да го знае секој џентлмен.

Ритуал

Пушењето на пура треба да биде задоволство.

Одбирање на цигарата

Ако сте почетник, повлекувањето на првиот дим може да биде застрашувачки, но постојат неколку едноставни правила. Ако уште од самиот почеток одите со големи и полни пури, вие можеби никогаш повеќе нема да сакате да пробате повторно. Започнете со robusto што важи за лесна пура и идеална за почеток. Како што ќе станувате поискусен, вие ќе сакате да преминете на појаки пури како што е Cohiba или Romeo y Julieta, односно пури со поголем прстен кои нудат поголемо задоволство.

Сечење и палење

Правилното сечење на пурата е од исклучителна важност за потполно уживање. За да не направите грешка, бидете сигурни дека располагате со правилен квалитетен секач на пури и пресечете ја пурата на 3-4 милиметри од капачето. Големо влијание при правилното конзумирање на пурите имаат и запалките. Затоа кога за прв пат на себе ќе си подарите еден ваков подарок заедно со пурата обезбедете си и соодветна запалка. Не заборавајте дека пурите не се исто како и цигарите.

Научете се да уживате

Дадете си време за уживање во пурата. Страсните љубители на пури велат дека најдобро се ужива во пурата доколку ја конзумирате бавно и го надополните целосното доживување со чаша квалитетно виски.

За авторот

martin