Интервјуа

Каков изглед е потребен за да ја добиете работата?

Напишано од Пјер

Неуредна фризура, испукани нокти, премногу или премалку шминка – ова се работите кои ги забележуваат вашите потенцијални работодавци.

Некои детали на вас, едноставно се пресудни за одлуката дали ќе ја добиете работата или не.

Најголемите пропусти од страна на кандидатките кои се појавуваат на интервјуто за работа се изгрицканите или излупени нокти – со нив се остава впечаток на неуредна, нервозна и неподготвена личност. Исто така, неуредната коса, како што е расцветаната, неуредно бојадисаната или пак масна, говори дека кандидатката е мрзлива и невешта.

Темниот тен од честото посетување на солариум исто така остава негативен впечаток, работодавците од ова можат да заклучат дека постојано ќе барате слободни денови за одмор. Не се препорачува ни нападната шминка, или пак замачканата шминка. Најдобро е кандидатката да е примерно и нежно нашминкана, така ќе остави најпозитивен впечаток.

За провокативното облекување веке знаете дека не е во ред. Максимално поедноставете го вашиот стил. Нагласете го она што е најубаво на вашето лице. Облечете се во согласност со работното место за кое се пријавувате.

За авторот

Пјер