Селебрити

Каков метод користи Елон Маск за да ја победи конкуренцијата

Напишано од Пјер

Пред да стане претприемач кој го менува светот, Елон Маск бил на пат да стане физичар – дури ги започнал и докторските студии на Стенфорд.

Но, пред да се откаже од тоа, со себе понел вредни впечатоци кои подоцна го направија милионер. Можеби најважното од се, го научил „првиот принцип на мислењето“ модел на истрага кој неуморно ги бара основите на проблемот.

„Мислам дека е важно да се почне од основата, а не од аналогијата“, изјави Маск во интервјуто со Кевин Роуз.

„Обично го живееме својот живот така што заклучуваме по аналогијата. Со нејзина помош, работите ги правиме на одреден начин бидејќи нешто такво слично веќе така сме го направиле. Со првиот принцип на мислење, ситуацијата ја „соголувате“ до основата…. и потоа оттаму одлучувате“.

Овој принцип има длабоки корени. Пред речиси 2300 години Аристотел изјавил дека првиот принцип е основата од која се поаѓа а дека потрагата за овој принцип е клучот за било какво системско откривање на работите – без оглед дали во филозофијата или во бизнисот.

И додека Маск се согласува дека ваквиот начин на размислување одзема премногу време, напоменува и дека може да доведе до неверојатни резултати. А, токму овој принцип помогнал и при создавањето на проектот SpaceX.

Кога Маск и неговиот тим се обидувале да одредат колку првите SpaceX ракети ќе чинат тие можеле само да ги погледнат производите на пазарот и да дознаат. Но, тие не се задоволиле со аналогијата. Наместо тоа, откриле кои се неопходните делови на рактетите и тогаш ја пронашле цената на суровите материјали. Резултатот е ракета чија цена на производство била само 2 проценти од вредноста на вообичаената.

Толку за конвенционалната мудрост.

Denar.mk

За авторот

Пјер