Кариера

Какви квалитети треба да поседува совршениот господин

Напишано од martin

Мажите се повеќе се трудат да бидат што подобри и да остават подобар впечаток. Иако сакаме да ги импресионираме колегите, шефовите, на прво место се наоѓаат нормално жените. Поради тоа се решивме да дознаеме од жените какви квалитети треба да поседува еден маж за да биде совршен.

Да знае да биде духовит

Ако не можете да ја насмеете жената, тогаш не спаѓате во оваа категорија на совршени мажи

Одлучност

Господинот кој е решен да ги реши сите проблеми и кој не застанува на препреките, ќе биде вистинска желба за жените. Жените сакаат одлучни мажи кои се спремни да направат се за да го добијат тоа што го сакаат.

Хигиена

Џабе ви се сите квалитети ако сте неуредни. Хигиената мора да биде на прво место, а вие морате да развиете рутина со која ќе покажете дека сте уредни.

Великодушност

Жените сакаат мажи кои сакаат да помогнат и кои сакаат да го направат светот подобро место.

Љубов спрема животните

Љубовта кон животните игра огромна улога и со тоа ќе бидете чекор поблиску за да ја освоите жената.

Романтичен

Романтиката е прав пат до секое женско срце. Ниту пари, ниту скапи поклони нема да можат да заменат неколку романтични зборови кои ќе ги напишете на букетот.

Единственост

Жените сакаат мажи кои се единствени и може да и дадат нешто специјално. Затоа немојте да копирате никого, бидете тоа што сте.

Вреден

Мажот мора да биде вреден ако сака да направи контакт со жена, бидејќи никој не сака да биде во врска со мрзелив маж.

За авторот

martin