Кариера

Кажете „НЕ“: 5 трикови за враќање на презафатениот живот во нормала

Напишано од Пјер

Дали некогаш сте посакале денот да ви трае барем 28 часа? Сметате ли дека сте премногу зафатени? Мечтаете ли за одмор? Тоа не е тешко да се оствари – важно е само да знаете кои ви се приоритети и добро да се организирате.

Многу луѓе се трудат да ги испочитуваат сите свои обврски – и оние кои мора да се извршат и оние кои самите се наметнале и оние кои сами си ги создавале зошто не знаеле да кажат „НЕ“. Забави, состаноци, вежбање, работа на себе, купување, вечери, пребарување на интернет, друштвени мрежи – листата е бескрајна…

Некои од обврските се неопходни и ни одговараат како што се гледање со пријатели на кафе и муабет, излегување во град, одење во кино и слично. Ама многу работи се непотребни. Тоа се оние работи кои не се ни корисни ни вредни и за нив не чувствуваме задоволство туку индеферентност.

Луѓето многу време трошат на работи кои им одземаат време и енергија, а не им носат ништо. Се гледаат со луѓе кои им ја црпат енергијата наместо да им дадат енергија и го трошат своето драгоцено време на неважни работи за да им удоволат на други.

Битно е да ги знаеме нашите приоритети и да не отстапуваме од нив. Ви даваме пет трикови да го вратите својот презафатен живот во нормала и секогаш да имате доволно време.

1. Пред да прифатите некоја покана размислете дали се радувате на поканата. Ако одговорот е да, прифатете ја. Ако не сте сигурни, кажете дека ќе размислите. Ако не ви се оди, љубезно кажете дека не ви се оди.

2. Кога врз вас ќе паднат мал милион работи, застанете на момент, опуштете се и размислете што би било паметно да направите. Јога или вечера? Кино или Интернет? Сите имаме 24 часа во денот – вие најдобро знаете како сакате да го потрошите своето време.

3. Ако ви е досадно, пред да викнете некој да се видите, размислете што од секогаш сте сакале да направите, а не сте наоѓале време за тоа. Ако постои нешто такво, оставете го дружењето за некој друг пат.

4. Уживајте во мир. Кога се ќе се смири и кога можете да размислувате ви доаѓаат многу креативни идеи. Уживајте во тишина и во друштво на најважната личност во светот: вие самите!

5. Запаметето го златното правило – распоредот да не ви биде приоритет туку приоритетите да ви се во распоредот.

За авторот

Пјер