Филмови

Кои се ѕвездите во продолжението на филмот KINGSMAN?

Напишано од martin

TAG Heuer со гордост го најави партнерството со MARV филм и 20th Century Fox го најави новото продолжение од филмот ‘Kingsman – The Golden Circle’ чија премиера е закажана за 22 декември. Иновативниот часовник TAG Heuer Connected е официјалниот часовник кој ќе го носи агентот.

Во новото продолжение нашите херои се среќаваат со нови предизвици. Фантастичната екипа на глумци која ја гледавме во првиот дел, Колин Фирт, Тарон Егертон и Марк Стронг, овој пат е надополнета со Џулијан Мур, Хали Бери, Педро Паскал, Чејнинг Татум и Џеф Бриџис.

Жан Клод Бивер директорот на компанијата TAG Heuer изјавил: “Kingsman е експлозија, акција и елеганција. Содржи екипа на глумци кои се вистински џентлмени. Тие совршено го отсликуваат TAG Heuer”.

За авторот

martin