Интервјуа

Кој ја поседува уникатната вештина за демонстрација на урбан Про Тренерски стил?

Напишано од martin

Ивица Јаковлевски е човекот кој донесе нешто ново и уникатно во македонската кошарка. Станува збор за Pro Basketball тренер кој верува дека преку својот метод на работа ќе направи промени во кошарката во РМ. Тој е дипломиран професор по физичко и здраствено образование и магистер по економски науки.

Со тренерската работа започнав после враќањето од САД  во К.К Работнички во младинските генерации, но потоа сакав да направам промена со внесуванње на нови вештини и методи на работа во кошарката. – изјави Ивица.

Тој смета дека Македонија е талентирана земја кога станува збор за кошарката, но не пропушти да каже дека треба да се направат големи промени.

Сите тренери мора да се зафатиме со работа и да создадеме тим кој ќе ветува дека можеме да се помрднеме од ова место кое што сме сега и да постигнеме многу повеќе во иднина, бидејќи Македонија заслужува добра кошарка. – додаде Ивица.

Тој е директно вклучен во македонската кошарка и гласно го искажува тоа дека нешто недостасува во концептот на работа во клубовите и во тренерскиот кадар. Смета дека, Кошаркарската федерација треба да обрне поголемо внимание за тоа кој и како работи во кошаркарските школи и национални слекекции.

Повторно ќе кажам, имаме таленти со кои можеме да се гордееме, но тие треба да се насочат во правилен колосек, да работат посветено, за да можат да бидат дел од квалитени екипи кои се натпреваруваат на европско ниво. – додаде тој.

Ивица бил долгогодишен тренер во младинската школа на најтрофејниот клуб КК. Работнички, и можеби тоа е најголемата причина за да започне Pro Basketball.

Со многу работи не можев да се согласам во тој тренажен процес. Како тренери неопходно е да имаме визија за многу работи така и во начинот на размислување и концептот на кошаркарскиот тренинг. Така успеав да ја реализирам мојата визија, а тоа е Pro Basketball тренингот со цел да создадам поквалитетни кошаркари кои ќе се усовршат во сите сегменти и технички елементи од кошаркарската игра – изјави Ивица.

Pro Basketball тренингот е нов метод на работа кој е неопходен за секој кошаркар кој сака да го надогради своето знаење со што би бил поефикасен и ефективен во изведување на секоја вежба и во играта на натпреаварите. Ивица навистина успешно успева да го имплементира овој начин на работа, а спортската јавност го прифати новиот концепт на тренирање.

Не е едноставно сето ова да се направи, бара голем напор и труд. Членови има, и секојдневно се зголемуваат, а тоа за мене е показател дека тие мојот концепт го гледаат како единствен начин преку кој би се подобриле во играта и би напреднале повеќе од другите. – додаде Ивица.

 

Индивидуалните тренинзи нудат нов и современ метод на работа и тренажен процес кој е професионален во секој поглед. Тука се работи индивидуално и максимално посветено.

Разликата од овој тренинг и екипниот е огромна, затоа што пред се се обрнува внимание на секој можен детал во изведувањето на кошаркарските елементи и движења. Во Pro Basketball тренингот јас работам паралелно со играчите, така да во некои вежби се претставувам како одбранбен играч преку што би имале поубава претстава како и кога да нападнат на кош. На тренинзите воопшто не се штедам, а тоа е се со една цел, да направам поквалитетни кошаркари, но пред се луѓе со бистар ум, стабилен карактер кои ќе бидат подготвени да постигнуваат резултати како на теренот така и надвор од него. – додаде Ивица.

Млад и амбициозен урбан скопјанец, кој навистина сака да ги помести границите во кошарката. Силно верува дека преку напорна работа и труд, ќе успее да ја реализира својата идеја, но и дека ќе ги натера младите да гледаат поинаку на работите. Дали според Ивица, младите во Македонија имаат храброст да започнат некој свој бизнис?

Секојдневно сум во опкружување со млади и абициозни луѓе кои навистина имаат добри идеи кои искрено не знам колку би биле реално остварливи во нашата држава и колку имаат услови за отварање на бизнис, но сепак моето мислење е дека ништо не може да се изгуби ако се проба. Губи оној што воопшто не пробал да направи промена на било кое поле. Затоа би ги охрабрил сите оние кои што сакаат да создадат нешто ново, бидејќи никогаш не се знае каков ќе биде исходот од сето тоа. – изјави Ивица.

Навистина не интересираше како Ивица успева да го комбинира приватниот и работниот живот, а одговорт кој следеше беше краток и едноставен.

Кога се има желба и љубов спрема тоа што го работиш, секако дека ќе се најде начин да се изменаџира времето и да се постигне на сите полиња. – додаде тој.

Не може да се замисли без благо, пица, музика, Најк патики и кошарката, нормално. За пет години се гледа како тренер кој создава еден иновативен метод на работа во кошаркарските тренинзи.

Сакам пред се, со сето мое знаење и делување да помогнам на нашата репрезентација во создавање на еден професионален начин и пристап на работа, како оние млади кошаркари би ги направиле лидери во своите тимови кои би се носеле рамо до рамо со европските. Сметам дека секој тренер има голема визија и неостварена цел, но јас за себе ќе кажам дека се ова што го творам и работам сакам да се импелемнтира, во концепт на работа и да остави белег во кошаркарскиот тренажен процес. За 5 години здравје боже би посакал да работам за некој од европските клубови, или некој клуб во нашата држава со европски амбиции. – изјави Ивица.

Евро лига или НБА?

Пратам и Евро Лига и НБА, секако дека НБА е поатрактивна за гледање, но европската кошарка е доста интересна. Сепак, она што ме воодушевува многу во НБА е играта еден на еден која се користи често, а во голем дел од моите тренинзи се фокусираме на ваквиот тип напад и одбрана и затоа ќе ја одберам НБА. – додаде Ивица

 

Навистина живееме во едно модерно и брзо време на живеење, каде што секој ден е брзање. Ивица навистина се труди да го изменаџира времето и внимава на својата исхрана, а особено на својот изглед.

Внимавам да се хранам здраво, бидејќи денот ми е исполнет максимално, и секако дека треба да има внесување на многу течности и витамини неопходни за да се биде професионален 8 часа на работа, и 4 часа на тренинг. Освен исхраната  внимавам и стилот во облекувањето, така што носам и спортска и елегентна комбинација. Се трудам да се запази кодексот на облекување, и на работа, и во вечерните часови. Морам да ги истакнам моите партнери кои ме подржуваат максимално, а тоа се Sport Vision кои што се задолжени за мојата спортска опрема, а јас на тоа сум им многу благодарен.

За авторот

martin