Пијалоци

Кој пијалок ни го дава најлошиот мамурлак?

Напишано од Нино

Како што ни се наближува Новата Година, со самото тоа ни доаѓаат и предновогодишните забави и ноќи исполнети со добра музика, пријатели и алхохол, а се помалку спиење. Период во кој ноќта е подолга од денот. Повеќето од нас ни е навистина тешко да функционираме нормално после долга и бурна ноќ. Со други зборови, сите патиме од така наречениот мамурлак кој ни го носи конзумирањето на ‘квалитетна’ количина на алхохол.

Сте се запрашале ли некогаш кој вид на алхохол ве остава со најлош и најтежок мамурлак? Благодарение на нутриционискиот експерт Јоко Иноуе вие ќе го добиете одговорот на прашањето кое голем дел од нас не засега. Пивото, за многумина од нас е оној лесен пијалок, кој всушност ќе не остави со најсува уста и најголеми главоболки следното утро. Конзумирањето на алхохол нанесува дехидрација на телото и самото тоа не тера да пиеме големи количини на вода во текот на утрешниот ден.

За време на празничната сезона, многумина од вас може да се судрите со искушение, желба или притисок од пријателите да конзумирате повеќе алхохол од вообичаеното, но главоболките и губењето на утрешниот ден не се забавни. Поради тоа, Јоко Инуе ви сугерира да пиерте чисти алхохолни пијалоци како што се џинот, текилата или водката. Исто така, таа препорачува овие пијалоци да не ги мешате со сокови или нешто слично, бидејќите самите шеќери кои ги има во соковите придонесуваат за поголем мамурлак.

Сепак, доколку сте љубители на пиво и неможете да му одолеете, бидете спремни на тоа дека утредента ве чека тежок ден.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)