Одржување

Кој стил на брада најмногу одговара на вашиот лик?

Напишано од Пјер

Најдобриот машки изглед може лесно да биде расипан од некоја ситница. Замислете само модерен современ маж, со формален изглед со фокус на одело во чоколадната боја, и со сребрен ланец на вратот. Или пак несредени бркови, како додаток на некој Business Casual петочки изглед. Не ја бива нели?

“Битно е да се погоди правиот микс на обликот на ликот, должината на косата и стилот,” вели Adam Brady, експертот за стил од Ruffians. “Доколку имате долгнавесто лице, подобро е да имате повеќе брада на вашиоте образи, за пропорционално да ви е исполнето лицето. Доколку имате пак округло лице, брадата треба да е помала. Едноставно!”

Не треба да се занемари и структурата на коските на вашиот лик, како и кожата на него. Доколку сакате да прикриете нешто на вашиот лик, за кое не се гордеете, подолгара брада е секогаш решение. А подолга брада, оди паралелно со одредени видови на машки фризури.

Се е до балансот на вашето лице, со цел постигнување на максималниот резултат. Но нели, има исклучоци. Мора да сте свесни за влакната на вашето лице и видот на фризура кој го практикувате. Има одредени правила, но сепак, крајниот резултат зависи од вас и вашиот стајлинг.

Во продолжение кои стилови на брада и фризура најдобро одат едни со други –

За авторот

Пјер