Мода

Кој тип на панталони ќе доживее одлична промена во 2017?

Напишано од Нино

Дали ќе погодите?

Станува збор за карго панталоните. Оние широките, со голем број на џебови од страните. Низ годините познати како модел на панталони носен од момците кои преферираат неформални стилови на облекување. Во 2017 очекуваме ова да се промени. Покран тоа што бројот на џебови ќе се намали, тие ќе бидат и потесни, доволно големи за собирање само на малите неопходни дневни додатоци како кардхолдери, картички, кличеви. Последниве години тие се стеснуваат, а во 2017 се очекува уште поголем фокус да се стави на FIT моментот.

Џебовите кои се заштитен знак кај карго панталоните ќе останат на своето место. Едино што ќе се промени освен нивната големина, ќе биде и нивното позиционирање. Во 2017, очекувањата се џебовите да го завземат делот од страна над коленото, но со минимален преклоп за да не го превземат цело внимание кон себе. Одлична промена според нас.

Pick the right type of cargo pocket

За крај и неколку комбинации со новите модели на карго панталони. Супер избор за секојдневниот изглед, без разлика за кој стил и да се одлучите –

Men's Cargo Trousers/Pants Outfit Inspiration Lookbook

Michael kors aw15 new look aw15 illustrated example aw15 reiss aw15

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)