Селебрити

Која е Della Valle фамилијата која доминира во светот на чевлите (Tod’s) и фудбалот (Fiorentina)?

Напишано од Пјер

Фудбалските фанови доста добро ги знаат Diego и Andrea Della Valle, газдите на Фиорентина. Нивниот фанатизам на трибините е честа слика во медиумскиот спортски свет. Но фудбалската пасија е на второ место во нивните животи, после модната компанија за кондури Tod’s, поради која Della Valle денеска вредат нешто помалку од 3 милијарди долари.

Се започнало во Њујорк, кога Diego Della Valle, на 16 години, на едно од службените патувања со неговиот татко Dorino (кој веќе имал успешна компанија за квалитетни кондури) забележал едни интересни но неквалитетни Португалски мокасини во излогот на некоја ефтина продавница. Мокасините му останале врежани во меморијата, и истите тие ќе станат главниот двигател во Tod’s компанијата за кондури.

Покрај Tod’s, дел од портфолиото што е во сопственост на Dalla Valle фамилијата, се и брендовите Hogan, Fay и Roger Vivier. А магијата се случува на местото Casette d’Ete (Le Marche, Источна Италија), на кое таткото Dorino за прв пат ја отворил својата продавница за кондури.

За Фиорентина пак не треба многу да се говори. Сите добро знаат дека Diego и Andrea Della Valle не штедат пари, и во последните години Фиорентина стана тим за респект и стигна и до завршницата на Купот на УЕФА. Следните години, тимот на Монтела би требало да го видиме и малку поблиску до врвот на Сериа А, а за тоа да се случи, покрај нови засилувања, на Фиорентина им треба и малку повеќе среќа со повредите. Мотото на фамилијата Della Valle е ‘Dignità, Dovere e Divertimento’, што во превод значи ‘Dignity, Duty and Fun’, па од нивната досегашна историја може да се види дека доста посветено се држат до него.

За авторот

Пјер