Фитнес Храна

Која е идеалната храна за вашето тело после тренинг?

Напишано од Пјер

Прескокнувањето на оброкот после тренинг е една од најголемите грешки која што можете да ја направите во фитнесот. За жал, многу луѓе мислат дека ако не јадат после тренингот ќе го намалат дневниот внес на калории во организмот, а тоа е всушност времето кога на телото најмногу му се потребни хранливи материи. Внимателно избрани хранливи материи, не каква било храна.

Зошто е толку важна храната која што ја внесувате после тренинг?

Кога вежбаме нашето тело троши енергија, нели? Од каде доаѓа таа? Јаглехидратите и шеќерите кои што ги внесуваме во текот на денот се складираат во црниот дроб во вид на гликоген. Кога мускулниот систем бара енергија во текот на вежбањето телото овој гликоген го претвора во гликоза и го користи како извор на енергија. Така залихите на гликоген се трошат и на телото му е потребно тие залихи да се надополнат после физичка активност за да може да продолжи да функционира нормално.

Исто така, вежбањето предизвикува мали кинења на мускулните влакна кои потоа се регенерираат, а тоа резултира со мускулен раст. Иако оваа регенерација е природен процес на телото, мораме по вежбањето да му дадеме соодветна храна која ќе му помогне во овој процес, инаку тоа ќе ги црпи залихите на витамини и минерали кои ви се потребни за одржување на здравјето.

Затоа, ако после тренинг не внесете храна која што ќе му помогне на телото да се опорави, со тек на време ќе почнете да го нарушувате вашето здравје што е сосема спротивно на целата поента на фитнесот.

Каква храна треба да консумирате после тренинг?

Вашиот оброк после тренинг треба да содржи протеини, јаглехидрати, здрави масти и витамини.

Протеини

Со вклучувањето на добар извор на протеини во вашиот оброк ќе му помогнете на мускулниот систем да се регенерира и да покаже максимум резултати од вашиот тренинг. Исто така, ќе го забрзате метаболизмот. Можете да вклучите јајца, бадеми, пилешки стек, урда, овес. Но, неоспорно најдобриот начин да му ја дадете на телото потребната количина на протеини без да внесете непотребни масти е whey протеинот. Тој е различен од сите други видови на протеини бидејќи најбрзо се разложува и апсорбира во телото, што значи дека вашите мускули за многу кратко време ќе ги добијат сите неопходни состојки кои ќе им помогнат да се опорават и да се развиваат здраво.

идеален оброк после тренинг - протеини

Јаглехидрати

Оние кои се трудат да се ослободат од вишокот килограми сигурно ќе се прашаат зошто токму „омразените“ јаглехидрати треба да бидат дел од оброкот после тренинг. Да, точно е дека треба да ги избегнувате, но тука не зборуваме за кои било јаглехидрати, туку за простите јаглехидрати кои брзо се разложуваат и ги надополнуваат залихите на гликоген во вашето тело. Најдобар избор на вакви јаглехидрати се декстрозата и малтодекстринот. Брзо се апсорбираат и му ја враќаат на телото потребната енергија. Но, имајте на ум дека тие се наменети за спортисти кои имаат интензивни тренинзи, па доколку сте почетници во фитнесот или во кој било спорт, консултирајте се со вашиот тренер колку често да ги консумирате.

Здрави масти

За да се вратите во форма брзо после тренингот, потребни ви се здрави масти кои ќе ги најдете во јаткастите плодови, или во путерот од јаткасти плодови. Путерот содржи моно и поли незаситени масти кои му се потребни на вашето тело, како и протеини и јаглехидрати, па затоа не треба да претерувате со количината која што ја внесувате после тренинг бидејќи можете да го успорите патот на нутриентите до мускулните клетки.

идеален оброк после тренинг - здрави масти

Витамини

Витамините и минералите ќе ви помогнат да го одржите вашето здравје во топ форма, со тоа што ќе го нахранат вашето тело и ќе му помогнат да се опорави по наглото трошење на енергија за време на тренингот. Нив можете да ги внесете преку суплементи или преку овошје и зеленчук. Но, имајте на ум дека со овошјето и зеленчукот ќе внесете дополнителни шеќери кои можеби ја надминуваат количината која што е предвидена во вашиот режим на исхрана. Затоа, повторно препорачувам консултација со вашиот тренер пред да ја вклучите креативноста и да почнете да експериментирате со состојки и вкусови во вашиот шејк после тренингот.

MarioFit

За авторот

Пјер