Селебрити

Колин Фирт – супер шпиун со супер часовник

Напишано од martin

Важи за еден од најпознатите британски актери Колин Фирт, освои Оскар за улогата Џорџ VI во филмот Кралевски говор, а овој пат тој е дел од уште еден голем проект, Kingsman: The Golden Circle. Во овој филм тој игра таен агент кој се извлекува од сите ситуации благодарејќи му на TAG Heuer Connected Modular 45 часовникот кој е достоен и за Џејмс Бонд.

Часовниците кои ги носат ликовите од овој фил играат голема улога во нивните мисии. Поради тоа беа портебни часовници за жестоки ситуации, кои можат да издржат многу повеќе од што треба. Подводно снимање, тепачки и акробации и разни други бесни елементи од овој филм.

Читнете дел од интервјуот на познатиот глумец Колин Фирт.

Кога бев млад бев навистина воодушевен од овие филмовите со шпиуни. Се сеќавам на легендарната сцена на Шон Конери во која тој го откопчува својот костум и под него се крие идеална комбинација за да испиете едно мартини и неверојатните часовници кои беа дел од него. Се сеќавам на Breitling кој ја откри радиоактивноста, Thunderball, Rolex Submariner во  Live and Let Die и другите часовниците кои беа дел од Џејмс Бонд. Секое дете па и возрасен сонуваше за овие гаџети.

Ако денеска би имале можност да имате некој од тие часовници кој би го посакувале?

Не би ми сметало да имам часовник кој ќе направи да бидам невидлив или кој ќе ме телепротира некаде. Јас никогаш не очекував дека ќе станам славен еден ден. Бев актер кој долго време се бореше и помислата дека може да бидам некој како денес, не ми паѓаше на памет.

TAG Heuer часовникот кој се појавува во филмот не е само обичен часовник?

Така е, станува збор за connected часовник. Јас сум ја сакал технологијата одсекогаш, а особено минимализацијата. TAG Heuer има навистина посебна улога во филмот, тој успева да не извлече од секоја ситуација во филмот.

Во кои моменти гледате на часовникот повеќе од необично?

Обично сум неподнослив пред еден час пред некоја важна церемонија, како што се доделувањето на Оскарите. Се однесувам како немирен лав во кафез. Секогаш размислувам за најлошото и најмала ситница може да ме извади од колосек. Ми треба простор за да здивнам, а најтешкиот дел е чекањето и неизвесноста. Тоа се моментите кога најмногу гледам на часовникот.

 

За авторот

martin