Економија

Колкава е вашата плата? Како да одговорите на ова прашање?

Напишано од Пјер

За многумина ова прашање и не е баш пријатно. Понекогаш затоа што не заработуваме премногу, а понекогаш затоа што едноставно сметаме дека е непријатно.

Во приватниот живот, кога некој познаник ве прашува колкава е вашата плата, а вие не сакате да одговорите на тоа прашање, најљубезно е да се обидете да го заобиколите муабетот, вашиот соговорник самиот ќе разбере дека премногу си дозволил. А доколку личноста упорно инсистира да дознае колкава е вашата плата, слободно кажете и дека тоа не треба да ја засега.

Дали треба да одговорите?

Не, не би требало да одговарате на ова прашање. Кога сте на интервју за работа, старата плата, не треба да има никаква врска со онаа која ја очекувате на новото работно место.

Зошто работодавците сакаат да ја знаат оваа информација?

Се смета дека е начин за полесна елиминација на кандидатите. Ако на минатата работа сте заработувале многу повеќе од она што го нуди ова место, вашата биографија најверојатно ќе заврши во ѓубре.

Секој очекува да биде проценет според вештините, искуството и потенцијалот кој го поседува. Не би сакале да бидете елиминирани заради платата која сте ја земале на претходното работно место.

Затоа експертите за кариера секогаш тврдат дека никогаш не смеете да бидете први кои ќе споменете пари, со цел да ги избегнете потенцијалните непријатности.

За авторот

Пјер