Кариера

Колку долго во просек трае потрагата по работа?

Напишано од Пјер

Одговорот на прашањето „Колку долго во просек трае потрагата по работа?“ зависи од многу фактори. Оние кои бараат работа сигурно би сакале да слушнат конкретен одговор, но тоа за жал не е возможно.

Работа можете да пронајдете за два дена, а можете да ја барате и со месеци, па и години. Американските експерти кои направија анализа објавија дека за работа од 10.000 долари годишно е потребен еден месец. Нормално, мали се фактите кои ја потврдуваат точноста на ова претпоставка.

Фактори кои влијаат на траењето на потрагата по работа

Пред се, треба да се земе во предвид генералната состојба на економијата и пазарот за труд, како и економските услови на подрачјето во кое лицето бара работа. Исто така, важен е и бројот на работни места кои се нудат на подрачјето каде лицето бара работа.

Клучен фактор е и географската флексибилност на лицето кое бара работа, заедно со флексибилноста во областа на приоритетите поврзани со изборот на работа (значително е потешко да се пронајде работа доколку лицето бара специфична и точно дефинирана работа во одредена индустрија). Дополнително, колку подолго лицето е невработено, толку поголго ќе трае и потрагата.

За крај, во предвид треба да се земат и особините на секое лице кое бара работа. Количината на енергија и време инвестирани во барањето работа може да биде пресуден фактор, заедно со квалитетот на стратегијата и вмрежувањето. Во оваа група на фактори, нормално потребно е да се вклучат и образованието, вештините и компетенциите.

Некои од факторите, како што е состојбата на економијата, се факти на кои не може да се влијае. На другите, сепак, можете да влијаете со сопствениот избор.

За авторот

Пјер