Фитнес

Колку треба да вежбате за да ослабите

Напишано од Нино

Резултатите од најновото истражување покажаа дека дури и минималната физичка активност донесува значајна здравствена придобивка.

Резултатите покажаа дека само 15 минути умерено вежбање дневно (105 минути неделно) се доволни организмот да почувствува благотворно дејство од физичката активност и да започне да ги губи вишокот килограми, што се коси со досегашните препораки од американскиот Национален здравствен сервис (NHS) да се вежба барем 150 минути неделно.

Истото важи и за интензивната физичка активност – резултатите покажаа дека е доволно да се вежба напорно 35 до 70 минути неделно, за разлика од препораката на NHS и Универзитетот Харвард, кои наведуваат дека оваа активност би требало да трае барем 75 минути.

Во текстот исто така се доведува во прашање позитивното влијание на долготрајното интензивно вежбање на организмот (повеќе од 240 минути неделно.). Според добиените резултати, претераното физичко напрегнување негативно влијае на здравјето на срцевиот мускул и должината на животниот век, пишува Independent.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)