Задолжително

Колку всушност треба да спиете?

Напишано од Пјер

Фактори кои најмногу влијаат на сонот се бројот на часа поминати во спиење и бројот на будења во текот на ноќта. За добар сон потребно е да се заспие во рок од 30 минути, да не се будите во текот на ноќта и да спиете барем 85 отсто од вкупното поминато време во кревет.

Ако предолго спиете, се будите по неколку пати во текот на ноќта и поминувате многу време будни, вашиот сон не е квалитетен.

Колку сон ви е потребно?

Новороденчиња – 14 до 17 часа

Бебиња- 12 до 15 часа

Мали деца (1-2 години) – 11 до 14 часа

Предшколска возраст (3-5 години)– 10 до 13 часа

Деца на школска возраст (6-13 години) – 9 ди 11 часа

Тинејџери (14-17) – од 8 до 10 часа

Млади возрасни (18-25) – од 7 до 9 часа

Возрасни – (26-64 години) – 7 до 9 часа

Постари лица (над 65 години) – 7 до 8 часа

Зошто несоницата создава проблем?

Долготрајните проблеми со несоница можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми. Поврзани се со почести појави на депресија, но и со анксиозни состојби, зголемен бес и чувство на лутина кај личноста и слични проблеми.

Долготрајната несоница значи и зголемен ризик за појава на хронични заболувања ( на пример болести на срцето и крвните садови и зголемена можност за појава на некои видови на карцином), зголемен ризик од дебелина, како и прерано стареење.

Секоја десетта личноста го има овој проблем, а во постара возраст секоја пета.

Постојат три основни начини за регулирање на несоницата, а тоа се лекови, психотерапија и промена на навиките.

А квалитетно спиење значи Дормео. Проверете ја нивната најнова одлична понуда на следниов линк

За авторот

Пјер