Кариера

Кон вас се упатени критики? Како да реагирате?

Напишано од Пјер

Кога луѓето ве критикуваат, се прашувате што треба да направите?! Соочете се со нив! Ако кукавички ја подвиткате опашката и гледате во земја – тоа не е никакво решение.

Еве неколку совети како да се соочите со критиките:

Докажете се – критичарите нека видат каков лидер сте всушност вие. Ако се криете, само ќе им покажете дека се во право.

Тоа им дава слобода постојано да ве нарекуваат како сакаат. Не смеете да им покажете дека ви е страв.

Бидете отворени – можете да ги снимате состаноците и да им покажете дека сте транспарентни, и да ги совладате оние кои не се согласуваат со вас.

Бидете ок – Кога ве критикуваат во лице, дишете длабоко. Колку лицето го повишува тонот толку вие посмирено одговарајте. Намерно зборувајте смирено.

Признајте ги своите недостатоци – Немојте да се браните, едноставно кажете дека сте изреагирале најдобро во таа ситуација. Делувајте искрено дури и кога ги признавате грешките.

Често смејте се – Олеснете ја ситуацијата со насмевка. Покажете дека имате контрола. Насмевнете се кога е соодветно, но немојте да се потсмевате.

Кога ситуацијата е напната, најдобро е да покажете дека ја имате ситуацијата под контрола. И најважно е да знаете да бидете вистински лидер со промислени потези и реакции за секоја ситуација.

За авторот

Пјер