Серии

„Корпорација“ – футуристичка серија на Мет Дејмон и на Бен Афлек

Напишано од Нино

Ако сакаш да преживееш, размислувај деловно

Продукциската куќа на Мет Дејмон и на Бен Афлерк ја создаде новата научно-фантастична серија „Корпорација“ (“Incorporated”), драма што се одвива во црната корпоративна иднина која ја пишуваат Дејвид и Алекс Пастор („Епидемија“).

Главниот лик во приказната е Бен Ларсон (Шон Тејл), менаџер кој мора да го промени идентитетот за да навлезе во светот на корпорациите. Големите компании го промениле системот и горе-долу ги истиснале сите други играчи од светот на политиката и економијата, а Бен прави очајнички чекор за да ја спаси жената што ја љуби.

СВЕТ ВО КОЈШТО ВЛАДЕАТ КОРПОРАЦИИТЕ

Се работи за дистописка серија што се одвива во 2074 година, а го прикажува општеството на иднината во коешто корпорациите, бизнисмените и владејачкиот економски модел доминираат и во свои раце имаат речиси апсолутна моќ. Се работи за општествена ситуација во која, освен бизнисот, важна улога игра и развиената  софистицирана технологија. Секој што сака да преживее во овој свет каде што климатските промени ја уништиле Земјата, а богатството се распределува помеѓу сѐ помалобројната елита, мора да размислува деловно.

Бен не го интересира кого ќе го прегази во својот подем затоа што има само една цел, да ја спаси жената што ја љуби. Зашто луѓето од корпорациите може да ги спаси само уште љубовта.

„Корпорација“ ни дава увид во светот кој е последица на денешните одлуки, коментираа Мет Дејмон и Бен Афлек. Гледачите ќе погледнат во иднината и тоа онаа на која сите постојано нѐ предупредуваат, но која општеството уште не ја истражило.

NUP_170577_0180.jpg

NUP_170577_0180.jpg

ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Ликот Бен е игран од младиот Шон Тејл, талентиран Британец, најпознат по улогата во сега веќе култните „Скинери“, како и во филмот „We are the Freaks“, пресреќен што Бен и Мет го одбрале за главен актер: Знам дека Бен и Мет го дале својот суд за кастингот и ги изгледале сите епизоди. Бен и ги советуваше монтажерите околу разни работи. Не се мешаа во сѐ, но беа вклучени цело време.

Освен талентираниот и шармантен Шон Тејл, во „Корпорација“ ги гледаме и наградената со „Еми“, Џулија Ормонд, најпозната по улогата во „Легенда за есента“, Денис Хејсберт – номиниран за „Златен глобус“ за улогата во серијата „24“, како и Алисон Милер и Еди Рамос кој имавме можност да го гледаме во „Младиот врколак“.

„Корпорација“ својата ексклузивна премиера ќе ја доживее на Pickbox во четврток на 1 декември, затоа, не пропуштајте ја една од најдобрите серии оваа зима и веднаш активирајте го Pickbox.

NUP_174157_0971.jpg

NUP_174157_0971.jpg

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)