Стил

Костум и ролка! Една од најдобрите комбинации во машкиот свет!

Напишано од martin

Модата од 70-тите е назад, а тоа може да се види и од оваа наша статија каде што ќе разговараме за едни од најбезвременските модни парчиња во машкиот моден свет. Станува збор за ролката, која е синоним за класика, а тоа може да се види и по стиловите на Џејмс Бонд, Стив Џобс и Стив Меквин.

Во ова модерно време, ролката може да ни даде модерен изглед со ретро акцент, доза на софистицираност и елеганција на секој аутфит. Особено ова важи за моментите кога ја комбинирате ролката со костум. Мора да признаеме дека тоа е поим за елеганција.

Ролката е модно парче кое одчилно стои во комбинација со костум или пак со блејзер.

Изберете ролка која е направена од ткаена ткаенина како што е памукот, волната или пак кашмирот како луксузна алтернатива. Природна текстура, добро проветрува и ја задржува својата форма подолго време. Неквалитетната ролка може да доведе до чешање на вратот и со добивање на квалитетен џемпер можете да избегнете непријатност!

Започнете со солидни темни бои (како сива, темно кафеава, црна или јаглен), бидејќи тие издигнуваат поубав изглед.

 

За авторот

martin