Креатива

Креативен начин да кажете „Благодарам“!

Напишано од Нино

Периодот пред празниците е време кога голем дел од компаниите нудат специјални пакети со нивни производи и услуги по празнични цени, или пак подготвуваат честитки за своите соработници.

НОВАКО, член на мултинационалната групација ThyssenKrupp, одлучи да ги искористи празниците за јавна благодарност до своите клиенти и соработници. Оваа компанија која се занимава со производство и продажба на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови и други транспортни и индустриски системи, го искористи адвертајзинг просторот за едноставна благодарност до сите кои на некаков начин учествувале во нејзиниот успех. Ова е нивната новогодишна честитка на која сигурно ќе налетате некаде низ Скопје, а е креативно решение на Why Not Communications.

Преку целата година се обидуваме да им продадеме нешто на луѓето, или пак да купуваме по некои специјални услови. Ајде да застанеме за момент, да се заблагодариме на сите околу нас за успешната соработка и да ги искористиме празниците за одмор и акумулација на енергија за следната, уште поуспешна година!

Извор – http://marketing365.mk/

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)