Бизнис совети

Листа на задачи за поголем успех во работата

Напишано од martin

Листата на задачи е клуч на добрата организација која е пресудна за успех. Тие не треба да бидат само нашишани на лист хартија, од нив вие треба да направите мал проект кој ќе биде одскочна даска за вашиот успех.

Првата ставка треба да биде најургентна

Понекогаш листата може да направи проблеми бидејќи кога нешто ќе ставите на прво место, мозокот ќе мисли дека тоа е најважната работа. Затоа секогаш гледајте најважната задача да ја ставите на прво место. Затоа секогаш гледајте најважните работи да ги правите наутро кога сте најпродуктивни.

Давајте рокови и време

За секоја задача дадете си рок. Вашата листа може ќе изгледа ригидно, но тоа е клучот за успешна организација. Означете кога треба да направите нешто, а ако станува збор за проект означете до кога треба да го завршите.

Направете квалификација на задачите

Одвоено означете ги задачите кои ви се навистина важни. Проблемот понекогаш се појавува кога на листата треба да ставиме нешто што не ни е важно или може да го одложиме.

Направете еваулација на обврските кои не сте ги постигнале

На листата секогаш имате повеќе опции што да направите со своите задачи. Да ги одложите, половина да ги направите или да ги тргнете од листата. За било што и да станува збор, немојте да ги заборавите вашите задачи, бидејќи може да дојдете до незгодна позиција. Секогаш на крајот од неделата поминете го списокот со задачите кои сте ги одложиле.

Две колони

Направете листа со две колони и во левата напишете ги вашите побитни задачи, а во десната напишете тези за левата колона, односно темите на кои треба да разговарате на состаноците.

За авторот

martin