Апликации

Lonely Planet пушта туристички конкурент на Instagram

Напишано од Пјер

Алгоритмите немаат добар вкус. Барем не се уште. Ова е пораката што извршниот директор на „Lonely Planet“, Даниел Хјутон сака да ја слушне кога неговата компанија ќе ја пушти новата мобилна апликација „Trips“, пишува „BBC“.

Од 1973-та година неговата компанија користи огромна мрежа од експерти во областа на туризмот и локалните претставници, за да ги создава најдобро продаваните водичи со персоналните информации. Но оваа работа станува тешка.

Додека доминацијата на „Google“ расте, се поставува прашањето како туристичкиот бренд може да остане во чекор со времето во кое се почесто се обраќаме на алгоритми и пребарувачи, кои да нè водат на нови места.

„Trips“ е достапна за „iOS“ веќе и претставува нешто како комбинација на „Instagram“ и „Medium“.

Целта е да им обезбеди на патниците место на кое ќе ги соберат најдобрите фотографии од одморот, претворајќи ги во убави пораки кои можат да се споделат. Мрежата на „Lonely Planet“ може да покажува дополнителни информации за местото што го посетувате.

„Trips“ се појавува по „Guides“, апликацијата што компанијата ја објави минатиот февруари. Тоа беше прилог на она што ги нудат книгите: туристичките совети, собрани во едно, благодарение на препораките на многу луѓе.

Апликацијата стана популарна, но Хјутон наведува дека потрошувачите имаат тенденција да уживаат за околу осум недели годишно.

„Сакавме да изградиме производ кој е нешто повеќе што сакате да го пребарувате секој ден“, вели тој. „Книгите се не помалку важни, но ние навистина работиме сериозно по изградбата на дигитално портфолио што оди заедно со нив“.

За авторот

Пјер