Настани

„Лукоил“ додели 250.000 за најсреќниот добитник на наградната игра „Среќна 25“

добитник на награда од Лукоил
Напишано од Пјер

По повод 25 годишниот јубилеј,  една од најголемите нафтени компании во светот Лукоил, која на македонскиот пазар е присутна повеќе од 10 години, организираше наградна игра за своите ценети потрошувачи. Под наслов „Среќна 25“, во период од 8 недели, на Лукоил корисниците им беа доделени 25 ваучери за гориво, а конечно се додели и главната награда во висина од  250.000 денари.

Среќниот добитник е 20 годишниот Раде Цветкоски од Скопје кој возбудено ги сподели деталите околу неговото учество во наградната игра: „Првапат ми се случува да добијам една ваква награда, никогаш претходно не сум се оптеретувал да бидам дел од некој слична игра на среќа но неверојатно за мене е што со само 3 фисклани сметки токму јас бев добитникот. Сакам да искажам огромна благодарност до Лукоил, да им го честитам роденденот и да им посакам уште многу вакви јубилеи. Парите се секогаш добредојдени посебно кога се подарок, а мојата желба е да си го овозможам долгопланираното патување во Германија кај мои блиски роднини“, изјави Раде.

Раде - добитник на награда од Лукоил

Ова за нас беше значајна година бидејќи прославуваме јубилеј од 25 години стабилност и успешно работење во светот. Но што би била среќата и успехот доколку не ги споделите со оние од кои и најмногу зависи вашот напредок, а тоа се верните клиенти и потрошувачи. Наградната игра започна на 3 октомври и денес беше извлечен и главниот добитник на кого би сакал да му посакам многу среќа и понатаму исто како што ја имаше и денес“, изјави Андреј Куку, генералниот директор на Лукоил Македонија.

Лукоил е една од најголемите нафтени компании во светот. Во нејзините активи влегуваат огромни резерви на нафтени полиња, моќни претпријатија на територија на Русија и надвор од нејзините граници. Таа функционира и работи благодарејќи на високопрофесионални работници кои бројат повеќе од 105 илјади луѓе, додека во Македонија компанијата е сочинета од 400 вработени професиналци во својата бранша кои страсно и посветено ги применуваат капацитетите на сите свои расположливи сили.

Денес ЛУКОИЛ обезбедува повеќе од 2% од светското производство на нафта и околу 1% од докажаните светски резерви на јаглеводороди. Во 2015 година ЛУКОИЛ го надмина нивото на производство од 2 милијарди тони на гориво (нафта и гас).

Во моментов под брендот на ЛУКОИЛ работаат повеќе од 5 и пол илјади бензински станици во 22 земји ширум светот. Покрај Европа, компанијата присутна во Азија, Африка и Америка.

За авторот

Пјер

Остави коментар