Технологија

Луксузна када со нулта гравитација

Напишано од martin

Компанијата Тото го најави производствотот на првата када со нулта гравитација, The Floatation Tub. Дизајнирана е на таков начин да секој што ќе влезе во неа застанува во одредена позиција што придонесува за длабока мускулна релаксација. Оваа када, освен што го опушта вашето тело, таа го опушта и вашиот мозок, што значи дека е одлично решение за ублажување на заморот. Ова доживување ќе ве однесе во фаза на медитација.

Експертите поминале многу години со цел да ја развијат оваа технологија и го проучувале влијанието на притисокот на водата на телото, што резултирало со произведување на овој тип на када која нуди совршена позиција за релаксација, слична на положбата на астронаутите за време на спиењето во бестежинска состојба.

За авторот

martin