Мажот во очите на жената

Мажот во очите на жената со АНА ТРПЕСКА

pumbaaaaaaa
Напишано од Мартин

Овој пат ја имавме таа чест да разговараме со препознатливиот глас од Метрополис Радио и од емисијата “Петар за појадок и пауза”, Ана Трпеска. Емисија од која веќе долго време имаме можност да црпиме позитивна енергија и секое утро да ни е нов прекрасен почеток на работниот ден. Во ексклузивно интервју за Friday.mk ќе дознаете нешто повеќе за Ана, што мисли она за македонските мажи и што за неа претставува еден Скопски фраер.

“Која е Ана?… Ана од Скакаровци, прадедо и, Скакарот, бил партизан во кичевско, го има на споменик… се раскажува, бил многу силен. И за мене викаат дека имам тешка рака, но јас мислам дека устата ми „тежи“ повеќе. Истата ја користам, многу… за гласно да зборувам за радост, љубов, правдина… да се смеам, љубам, пеам и јадам, обожавам храна.”

Ана неможе да си го замисли денот без фантазија!

“Не толку дека не можам да си го замислам без неа, туку не можам да и избегам. Два паралелни света раководам секој ден. Мислите лесно ми е?! :)

Одењето од продавница во продавница за Ана претставува огромен стрес и поради тоа го избегнува. Сака да се тинтра и разгалува најмногу што може.

“Многу работи правам за себе. Многу сакам да си се тинтрам :)  Не сум шопохоличар! Но, секој ден е добар за да го исклучиш телефонот, тоа е влог кој го правам за себе, често.”

Да се навратиме околу темата Мажот во очите на жената, па ја прашавме Ана како таа го доживува Скопскиот Фраер?

“Не го доживувам, го живеам и преживувам. :) Истиот пие пиво од флаша потпрен со едниот лакт на шанк, косата му е „средена“ од спиење и на омилената песна ги затвора очите и пее на глас и знае дека никогаш, никогаш не смее да ме штипне за образ.”

Според Ана мажите во Македонија водат грижа за својот изглед. Сепак додаде дека треба повеќе да се грижат за своето здравје, редовни прегледи и тестови.

“И сериозно, зошто уште се расправаме за ставање кондом?”

Ana Trpeska 1

Ги пратат ли модните трендови?

“Не ги знам актуелните модни трендови на памет. Но, секогаш сум за помалку пратење, повеќе правење.”

Кога ја прашавме дали преферира мажи што негуваат формален-бизнис стил или спортска-кежуал варијанта, таа веднаш ни одговори, “преферирам мажи со решителен став и транспарентност. Нека облече што сака.”

Ана себе си се смета за ненадминлив експерт за машки чевли и патики. “А и оделата ми се силна страна” – додаде. Знае да им сугерира и на своите пријатели од машки пол и при изборот на фармерки.

“Само затоа што мораат да се завртат да им го видам задникот.” :) 

Дали тоа значи дека ги придружуваш во шопинг?

“Ептен ако морам или ако ептен ги сакам. А морам само ако сакам.”

После ова спонтано ни се наметна прашањето: Колку твоите пријатели мажи знаат да ти се мешаат во однос на твојот изглед?

“Геј другарите премногу. Стрејт другарите се длабоко во френд зоната за да им биде гајле.”

Твој став за се поизразената метросексуалност?

“Немам никаков став” 

12784411_10207605826798822_1807201358_n

Секоја жена мечтае да се почувствува како дама – да и ја отворат вратата кога излегува, да и дадат комплимент, да и подадат рака кога слегува, да ѝ го задржат палтото… Таквите гестови несомнено се карактеристики на еден вистински џентлмен. Колку кај нас мажите се вистински џентлмени?

“Исто како и секаде. Некои се џентлмени, некои се говеда.” :)

Дали Ана има да одвои некои мажи кои според неа се вистински претставници на мажи со манири и стил, односно може да се каже дека се џентлмени?

“Секако, еден куп, сите мои другари. Човечини се… вредни, паметни, способни, фер, другари, образовани, успешни и фино воспитани.”

И како за крај ја прашавме, алфа мажјак или boy toy?

“Ох, види… сакаме ние повеќе работи, во различни периоди, различни расположенија, желби, потреби и фантазии… Идеалот, според мене, е да си дозволиш да експериментираш со се она што ти весели душа.”

sredena ana

Незнам дали знаете ама денеска на Ана Трпеска и е роденден. Ана, Friday.mk ти го честита роденденот и ти посакува уште поголеми успеси и поуспешна кариера. Само напред, продолжете со исто темпо и уште долго да ни го разубавувате секое утро со “Петар за појадок и пауза”.

За авторот

Мартин

Остави коментар