Uncategorized Мажот во очите на жената

Мажот во очите на жената со Јасна Лековска

Напишано од Нино

По професија адвокат, а по струка пилатес инструкторка и сопственик на студиото ‘Тринити’, она што најмногу ја отсликува Јасна е водењето на здрав начин на живот, одржувањето секогаш во добра форма и промовирањето на здравата и правилна исхрана.

Уште пред повеќе од 15 години пробувала различни спортови, од планинарење, гимнастика, аеробик па се до трчање. Но, се се променило од моментот кога Јасна била на својот прв час по пилатес.

“После првиот час пилатес знаев дека тој ќе стане дел од мојот живот.”

IMG_5586

Со пилатесот се занимава веќе долго време и тоа за неа претставува дел од секојдневието, дел од неа и нешто без кое не може да си го замисли животот. Како сопственик на студиото ‘Тринити’ и со нејзиното големо искуство со задоволство ни истакна дека ‘Тринити’ го има променето ставот кај мажите кога станува збор за вежбањето.

“Сруши голем број на стереотипи откако вежбачите почнаа да ги согледуваат резултатите кои ги добиваат после нашите тренинзи. Здравиот живот во денешно време стана еден начин на мода/тренд. Благодарение на сите нови трендови по медиумите, луѓето почнаа да се мотивираат се повеќе да обрнуваат внимание на нивниот изглед и здравје. Така да без размислување можам да кажам дека и мажите посветуваат повеќе од доволно време на нивното здравје, а со тоа и на нивниот изглед.” – ни раскажа Јасна.

Кога ја прашавме што мисли за модните трендови кои се актуелни кај мажите во Македонија, таа накратко ни одговори: “Секој треба да е задоволен и среќен со сопствениот избор, а јас веќе одамна почнав да не обрнувам внимание на овие работи и се апсолутно неважни за мене.” – додаде Јасна.

IMG_1513

Јасна веќе неколку години е во среќен брак со нејзиниот сопруг Марко, а она што најмногу ги исполнува е нивниот син Јан. Она што многу не интересираше од Јасна да ни каже е каков сопруг е Марко во нејзините очи?

“Каков што секогаш посакував и замислував. Сопруг кој ме сака, разбира и поддржува во се, сопруг кој беспрекорно се грижи за мене и нашиот син, сопруг кој ме прави среќна и насмеана сопруга,  сопруга каква што всушност тој сака да има!”

IMG_7261

Околу тоа колку Марко ги следи модните трендови, Јасна со задоволство истакна дека тој води доста грижа за својот изглед, а самото тоа придонесува да има и добар изглед, а кога станува збор за модните тендови таа додаде:

“Не знам колку ги следи модните трендови, но тоа што следи или сам создава одлично му прилега.”

Двајцата често знаат да си сугерираат меѓусебно при изборот на гардероба. “Секако, затоа сме брачен пар” – додаде Јасна. Тоа може да се види и по нивните инспиративни Инстарграм профили. Поголемиот дел од фотографиите ги смислуваат заедно, од кадар и светло па се до средување на фотографија.

IMG_4742

Кои се работите без кои Марко не може да се замисли?

“Неговиот телефон, компјутер, плеј стејшн и секако неговата фудбалска опрема. “

IMG_7262

IMG_0044

IMG_7022

 

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)