Uncategorized Мажот во очите на жената

МАЖОТ ВО ОЧИТЕ НА ЖЕНАТА со Јелена Спенџарска

Напишано од Нино

Како една жена го замислува својот маж? Како скопските девојки го замислуваат Скопскиот Фраер и уште неколку прашања на кои ќе добиеме одговор од добро познатата водителка и новинарка, Јелена Спенџарска. Секогаш позитивна и насмеана, за многумина препознатлива по утринската програма ЗДРАВО МАКЕДОНИЈО и од неодамна бренд амбасадор на Polleo Sport во Македонија. Polleo Sport е лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема во регионот, а својата прва продавница во Македонија ја отвори на 7ми мај.

Која е Јелена?

“Хммм…. не ме бидува многу во тоа да се опишам себеси… често таа предност им ја давам на моите пријатели кои секогаш искрено ми ги кажуваат и добрите и лошите карактеристики. Она што со сигурност можам да го кажам за себе како цел на моето постоење е што сакам и давам се од себе да бидам личност која едноставно сјае. Личност со која седите и чувствувате некоја топлина и многу позитивна енергија. Го гледате тој сјај во очите и посакувате да се видите повторно. Личност која што ќе ја сакате… можеби не на романтичен начин туку чисто да бидете што поблиску до неа и да го чувствувате тој трансфер на позитивност и врз вас и вашиот живот. Настојувам секогаш на оние околу мене да им пренесам убава порака за себе си, да се сакаат повеќе и да бидат свесни дека тие самите се одговорни за сопствениот живот. Многу е лесно да бидеш успешен и среќен, само треба вистински да го посакаш тоа.”

За прв пат можевме да ја видиме пред ТВ екраните пред речиси десет години.

“Една моја пријателка ме повика на кастинг за водители на кој се појавив без размислување и од тогаш немам сменето професија. Сум водела квизови, музички емисии, забавни емисии и моментално сум тука каде што сум, на утринската емисија ЗДРАВО МАКЕДОНИЈО на Канал 5. Едно посебно искуство за мене затоа што е поразлично од се што сум работела досега, дефинитивно треба да знаеш да слушаш, да бидеш доста фокусиран  и нормално, да имаш јаки нерви… хахаха. Си ја обожавам работата, во секој случај.”

Јелена е доста активна и атрактивна на социјалните мрежи, па оттука ќе видите дека таа не може да си го замисли денот без фотографии, социјални мрежи, планери, потсетници и нормално, без телефонот. 🙂

“Имам некое чувство дека целиот мој живот ми е во телефонот и сериозно не можам да функционирам без него” – додаде Јелена.

Зависна е од кафе и од омиленото смуди без кое еден ден не може да и започне, а не пропушти да каже дека има и неколку личности кои не се блиску до неа, а ги носи во срце и едноставно не може без нив.

13228083_10154813120022786_1417981080_n

Станува во 05.00 часот, се спрема и заминува на работа. Секој ден одвојува време за нејзините пријатели, а потоа се посветува на самата себе.

Често посакувам да имам барем уште 5-6 часа дополнително за да можам да постигнам се. Работата ми е доста забавна и таму времето ми лета. До кај 16 часот им се посветувам на пријателите за кафе или ручек, а после тоа си се посветувам самата на себе. Зависна сум од физички активности, и затоа секојдневно сум на кеј, а морам да кажам дека во последните неколку месеци сум посебно заљубена во пилатесот и мислем дека  тоа е една од поубавите работи кои сум ги пробала во животот. Инструкторките од POWER HOUSE  ми се феноменални, постојано ме мотивираат, веќе неколку месеци работиме заедно и резултатите, како физички така и ментално се повеќе од фантастични. Навечер задолжително гледам некоја серија затоа што ми помагаат побрзо да заспијам… и наутро повторно во 5:00 …. 🙂

dadad

Да се навратиме кај мажите, нели!? Како Јелена го замислува Скопскиот Фраер?

“Никогаш не сум сакала фраери… Во принцип не сакам мажи кои се фалат со тоа што се или со тоа што го поседуваат. Памтам, на времето, фраер беше збор кој многу ретко се користеше. За некој да достигне да биде фраер требаше многу ‘фурни леб’ да изеде во начинот на кој ги третира жените, од почит, па се до ниво на шарм и интелект. Да импресионира. Да има став. Да стои зад кажаното. Да не бркаш сто девојки од еднаш туку да се посветиш на една. Денес таквите се ретки. Денес фраер можеш да бидеш ако јавно се фалиш колку девојки си поминал, ако им се лигавиш на неколку во иста вечер и им кажуваш на сите колку се посебни, завршуваш со една, па веднаш после вртиш на друга откако ќе ја испратиш првата. Фраер си ако возиш јака кола од татко ти и се паркираш буквално пред кафич – уште подобро ако можеш со неа и внатре да влезеш.. Дома јади леб и сол, ама имај флаша во диско. Денес никнуваат фраери на секој чекор. За жал…”

Кога ја прашавме, колку според неа мажите кај нас водат грижа за својот изглед, Јелена ни одговори дека сепак најважно е секој да си го пронајде сопствениот стил.

“Не можам да кажам дека не се грижат за тоа како изгледаат. Посебно во последните неколку години кога сите имаме пристап до интернет и модните магазини од каде секојдневно не бомбардираат со најразлични комбинации.” 

Особено ја радува фактот што веќе мажите полека почнаа да ги спуштаат јаките на маичките и искрено се надева дека таа хорор приказна е завршена. 🙂 Кога станува збор за модните трендови, според Јелена дефинитивно имаме многу модерни мажи во градот кои ти е мерак да ги загледаш.

“Секоја чест за таквите! Сепак тоа си е индивидуално. Секој си се облекува по сопствен вкус и во зависност од местото на кое се појавува.”

13219777_10154813003752786_2095646491_n

Како што можевте да прочитате погоре, Јелена е спортски тип на девојка. Зависна е од физички активности, секој ден го посетува кејот на Вардар и заљубена е во пилатесот. Па изгледа и поради тоа повеќе и се допаѓаат мажи кои преферираат спортска кежуал варијанта.

“И формалниот стил е доста интересен и има мажи кои мислам дека се родени цел живот да носат костуми од што совршено им стојат. Да го земеме Џејсон Стетам за пример… И во двата случаеви треба да се има добра креативност зашто денеска се е во добрата комбинација. И НАЈ ама НАЈВЖНО од се е што треба да знаете како да го носите она што е на вас. Тоа важи и за мажи и за жени. Џабе сте фул дотерани кога едноставно не сте тоа вие и не се чувствувате комотно. Верувајте тоа чувство на несигурност не може да се скрие.”

Живееме во едно ‘модерно’ време каде што сме сведоци на се поизразената метросексуалност. Метросексуалец е неологизам кој се користи за да се опише маж (најчесто припадник на модерно, урбано и капиталистичко општество), кој троши многу пари и време на шопинг и грижа за својот изглед. Што мисли Јелена за ова?

“Овој поим е прилично понов, но од пред неколку години се почесто го слушаме и читаме за него. Мислам дека целата популација овде е поделена. Едни смеетаат дека станува збор за исфеминизирани момци, а другите мислат дека е убаво да се биде дечко кој е нежен спрема себе и спрема другите и кој не сака да ја покажува својата груба, мачо страна. Сакаат да изгледаат убаво, многу време се гледаат во огледало, но обожаваат и другите да ги гледаат, затоа мислам дека и со саати се дотеруваат. Мене лично ми е сосема во ред кога еден маж внимава на својот изглед, но да бидеме реални, овде не треба да се претерува. Депилација, кубење веѓи или пак шминкање, тоа нека ни го препуштат нам жените. Сериозно….”

13235771_10154813119502786_415581732_n

Јелена важи за искрена личност и често знае да им сугерира на своите пријатели од машкот пол при изборот на гардероба. Обожава да дели комплименти и се почесто го прави тоа.

“Знам да дадам и критика и среќна сум што не ми замеруваат за тоа, дури понекогаш ќе ми се јави некој пријател за совет, имал неколку комбинации па мала консултација што да одбере… Ми се допаѓа што имаат доверба во мојот вкус…. Еј, ама си ги сакам пријателите…” 🙂 

Колку кај нас мажите се вистински џентлмени?

“Хммм … искрено,мислам дека не се многу…. Џентламен не е само  да и отворите  врата на девојката со вас или да и испраќате романтични пораки.”

Да се биде џентлмен според Јелена е да покажете благодарност за помошта која сте ја добиле, да живеете со страст кон работата, кон семејството, кон општеството, да имате доверба во себе и своите способности. Да оставите добар впечаток, да покажете култура. “Секоја чест на исклучоците, ги има и би сакала да ги има се повеќе…” – додаде Јелена.

13249510_10154813120362786_2134789999_n

На ова веднаш се надоврза прашањето, дали Јелена може да одвои некои мажи кои според неа се вистински претставници на мажи со стил и манири?

“Морам овде да го спомнам мојот колега Роберт Јанков на кој сум посебно горда. Секогаш дотеран како пред камерите така и надвор од работното место. Кога сме веќе кај колегите, Драги Павлевски, кој ми е пријател повеќе од петнаесет години е вистински пример за тоа како треба да изгледа еден современ маж. Дадар е неминовен во оваа листа кој мислам дека едноставно не знае да згреши. Ги има доста и помеѓу нашите  политичари и спортисти, а ако зборуваме за светско ниво, овде нема конкуренција, Дејвид Бекам е сеуште незаменлив, а ми се допаѓа и стилот на Крис Браун ..”

Alfa мажјак или boy-toy? 🙂

“Ни едното ни другото… Фин, културен и амбициозен дечко кој нема да дозволи денот да ми заврши со помислата  дека сум несакана.”

13211113_10154813119282786_1450012178_o

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)