Мажот во очите на жената

Мажот во очите на жената со ЈЕЛКИЦА ПОПОВСКА

glavna
Напишано од Мартин

Дизајнерка, стилистка и диџејка! Љубовта кон дизајнот и убавите нешта, љубопитноста кон новите проекти и соработки се само дел од карактеристиките што ја одликуваат убавата и позитивна Јелкица Поповска. Ново интервју за новата тема на Friday.mk, МАЖОТ ВО ОЧИТЕ НА ЖЕНАТА со Јелкица Поповска. Дознајте како Јелкица го замислува Скопскиот Фраер, каков тип на мажи ја привлекуваат и колку според неа сеуште може да се најдат вистински џентлмени.

Која е Јелкица?

“Јелкица е позната како “скопска шмизла.” 😛 Ова е шала бидејќи многу често така ме доживуваат поради мојот слободен карактер и креативна природа. Сепак, јас сум едноставна девојка која знае што сака. Магистер по индустриски дизајн по професија која моментално работи на повеќе креативни сектори во дизајнот (мода, графика, уредување на простори, декорации, модни стајлинзи со комплет сминка и фризура, консултатнт…)”

Јелкица ни раскажа дека е премногу поврзана со својата мајка и еден нејзин ден неможе да си го замисли без да се слушне со неа, а кога ја прашавме што најмногу прави за себе, таа додаде дека многу сака да чита, да се едуцира, да се социјализира, да вежба, да работи на нови проекти, се со цел континуирано да се оформува емотивно, деловно, физички и да биде среќна и насмеана барем 90% од денот.

“Сите ми коментираат дека дефиниција за Јелкица е позитивна и насмеана!”

Сака да вложува во достигнување на внатрешен мир, а тоа некогаш знае да биде гардероба, но најчесто е социјалниот живот. Јогата веќе со години и помага, обожава да посветува време на домот, кој е нејзиното кралство во кој таа го достигнува својот мир.

“Козметиката и гардеробата се битни, но само откаки ќе одвојам доволно за луѓето кои немаат и им е потребна помош, колку можам донирам. А вложувам во своето животно осигурање, безбедноста и сигурноста во животот ми е подрагоцена од гардеробата.” :) 

12804071_10156659697495002_116557539_n

Како магазин за мажи неможе да поминеме без Скопскиот Фраер, па ја прашавме Јелкица како она го доживува Скопскиот Фраер?

“Скопските фраери се ретки, но ги има и мора да ги има! :) За мене конкретно ФРАЕР е културен, спонтан, педантен, специфичен и свој, урбан, ненаметлив, по малку ‘лабав’, жаргонски кажано и секако мора да е генерално убав.”

Според Јелкица има голема разлика помеѓу оние што се грижат и оние кои воопшто не се грижат. Таа не ги подржува оние мажи кои секој ден прават различно ‘Selfie’ во теретана и не ги подржува оние кои воопшто не се грижат за својот изглед. “Да се грижиш за себе значи дека си жив!” – додаде.

12834826_10156659699380002_977294672_n

Факт е дека живееме во време кога модните трендови се менуваат со голема брзина, па дали македонските мажи ги пратат актуелните модни трендови?

“Секоја чест, ги има ‘шта је лепо и богу је драго’, но сеуште има премногу од оние кои пратат ‘класичен балкански стил’. ” Што би рекла Јелкица, што поголем златен ланец, тесни маички и вештачки мускули, чудни фризури, избледени фармерки или многу лошо скинати.

“И нешто што ми е најсимпатично ќе се повторам истото важи за кај жените, а тоа е FAKE брендирани облеки, кое претставува одлика на карактер на човек. Поради тоа секогаш кога ќе ме прашаат ‘дали надворешниот изглед е битен?’ одговарам цврсто ДА, бидејќи изгледот многу говори за карактерот во денешно време и facebook страните многу говорат за карактерот, веднаш можете да процените профил на човек.”

12834815_10156660422125002_1261922747_n

Таа секогаш се стреми да биде златна средина од секогаш т.е. комплетно оформена личност од секој аспект, а истот го бара и кај оние што би ја привлекле.

“Вообичаено бараме слично на себе! :) Барем ја така го замислувам својот идеален партнер. Средината тешко се постигнува меѓутоа е возможна.” Но, за да го долови конкретно човекот кој би ја привлекол додаде: “Дечко од нашиве балкански простори зошто сме најхрабри и најубави физички, но да е израснат и да живеел во странство со цел да има прозападен менталитет и либерален карактер. Да сака да ме следи, да е човек од акција, да сака да патува и да знае да се снајде во секоја култура и секое друштво во кое би се наоѓале и најбитното да е посебен поточно да гради своја добра кариера и да сака да остави белег дека постоел на светов. Едноставно човек за кој ќе ви биде мерак да слушнете.”

Колку влијаеш и им сугерираш на своите пријатели од машки пол при изборот на гардероба?

“Секому секогаш кога ќе го побара тоа од мене. Ми се случува и да сакам на непознат да му дадам совет за да иде кон подобро, но за жал повеќе се обраќам на пријатели кои ми се премногу блиски и знам дека нема да бидам погрешно сфатена. Морам да потенцирам дека малку сензитивен народ сме станале и дека луѓето кај нас треба да поработат на своите карактери и да си ја зајакнат самодовербата.”

Јелкица не е голем љубител на шопингот! Си го знае совршено своето тело и секогаш е брза во својот шопинг.

“Чудно но вистинито” – додаде.

А кога кога станува збор машкиот пол и дали таа ги подржува мажите во шопингот, таа накратко додаде дека знае да се посвети на другите повеќе отколку на себе.

“Да им го исполнам меракот придружувајќи ги на шопинг!”

12834467_10156659697785002_406707248_n

Дали пак твоите пријатели мажи знаат да ти се ‘мешаат’ во однос на твојот изглед?

“Знаат да ми се мешаат и не ми пречи тоа иако не слушам совети. Многу ретко може да се случи да прифатам совет и тоа немора да биде само од некоја ептен компетента и изградена личност. И навистина ми се допаѓаат советите од вистинските мажи! :)

Живееме во 21-от век, подобро речено во едно навистина либерално време каде што се поизразена е метросексуалноста.

“За жал мојот став е лош, иако не судам никого! Растев пола живот скоро и сеуште растам со италијани околку мене кои важат за најголемите метросексуалци и искрено ми пречело и сеуште ми пречи. Повторно ќе кажам дека несакам претерување во никој поглед за било што… Златна средина! :)

Вистина е дека модерните жени се залагаат за еднаквост меѓу половите, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Таквите гестови несомнено се карактеристики на еден вистински џентлмен. Колку мажите кај нас се вистински џентлмени?

“Исчезнуваат за жал. Но за ова се виновни и жените, неможам да ги осудам само мажите. Се повеќе има жени кои не заслужуваат џентлмени!”

10601073_10156659698875002_1197704750_n

Има ли Јелкица да издвои некои мажи кои според тебе се вистински претставници на мажи со манири и стил, односно може да се каже дека се џентелмени?

“Да речиси сите кои ми се машки пријатели е такви, затоа и ми се пријатели.”

И за крај знаете што следува, алфа мажјак или boy toy?

Алфа мажјак, особено кај нас! Со исклучок на оние кои Северинле им е идол па откако ќе направат пари и кариера ќе шетаат со boy toy. 😛 За секое лонче има и капаче и така и треба да биде!

10379295_10156660491655002_752186106_n 12822194_10156660491560002_460962000_n 12825386_10156660410830002_1361571021_n

За авторот

Мартин

Остави коментар