Uncategorized Мажот во очите на жената

МАЖОТ ВО ОЧИТЕ НА ЖЕНАТА со Маја Лазаровска

Напишано од Нино

Поминаа години откога Маја Лазаровска (Станимировиќ) владееше со Македонските, а и интернационалните модни писти како една од нашите најистакнати манекенки, но нејзиното име и денес е синоним за квалитетот и професионализмот кој доминираше во модниот свет од кој таа беше дел. Од своето појавување на 14 годишна воздраст како победничка на Елитте Модел Лоок зад неа стојат безброј модни ревии, настапи на Модни викенди, реклами, спотови, едиторијали, натпревари за убавина, титули… И поради фактот што на сите ни недостигаат ваквите ликови и времиња, решивме да ја контактираме Маја која ја лоциравме на друг континент и во поинаква животна улога. Имено, Маја која пред две години заплови во брачните води, заедно со својот сопруг, кошаркарот Дарко Станимировиќ, својот заеднички живот го продолжија во Мелбурн, Австралија кадешто засега пронаоѓаат опкружување во кое се чувствуваат пријатно и задоволно и средина во која имаат  можност успешно да се реализираат и на приватен и на професионален план.

Она што посебно не интересираше е како е да се биде г-ѓа Лазаровска-Станимировиќ, а посебно каков сопруг е Дарко во очите на Маја кога станува збор за современи интереси, трендови, ритуали…?

“Можам да кажам дека Дарко секако води грижа за себе. Во последно време, генерално кажано, припадниците на машкиот пол почнаа повеќе да водат грижа за својот изглед, во смисла –  средување, посетување на салони за убавина, депилирање, оние навики кои некогаш се сметаа за „женски“, сега веќе станаа унисекс, и сосема нормално прифатени. Мислам дека се што е умерено и во рамки на нормала, според мене е прифатливо. Можеби средување веѓи во претерано феминистички стил не ми е баш најпривлечно хахаха, но секако е ОК одржување некаква природна форма… да се вратам кај мојот сопруг, да, води грижа, внимава на исхрана, вежба, ја одржува формата и линијата, внимава да е среден, соодветно облечен за местото и настанот на кој се појавува, а понекогаш за да се спреми му треба дури и повеќе време од мене. 🙂 “

Во однос на моменталните трендови и колку Дарко ги следи, Маја ќе рече:

“Не ги следи слепо модните трендови, повеќе е љубител на поедноставен стил кој е секогаш „ин“, најчесто кежуал варијанта- едноставна, еднобојна маица со фармерки. Според мене, едноставна комбинација на облека, со добри модни додатоци, како модерен, соодветен и впечатлив часовник, обувки и ремен е секогаш погодок. Мислам дека стилот и изгледот не е комплетен без часовник на рака.”

IMG_0445

Сакавме да знеме кои се омилени брендови на Дарко кога станува збор за гардероба, козметика, парфеми. Без многу разислување имавме спремен одговор – “спортските брендови би ги спомнала прво, дефинитивно  Nike иi Adidas; од останатите би ги издвоила Tommy Hilfiger, Timberland и Calvin Klein. А кога е козметиката во прашање, моментално користи L’oreal машка антиејџ линија (по сугестија на Маја) и Givenchy парфем.”

Очигледен е модниот  „бекраунд“ на Маја па не интересираше колку таа влијае при неговиот избор на гардероба.

“Имам влијание, доволно. 🙂 Не сакам да притискам да купи нешто доколку мисли дека не му одговара, иако мене да речеме многу ми се допаѓа. Си го кажувам своето мислење, изнесувам солидни аргументи (тука следува убедувањето), и оставам на крај сам да си одлучи секако. Во најголем број случаи, влијаам, но истото важи и во обратна насока!”

Што спонтано го наметна следното прашање: Дали заедно одат во шопинг?

“Најчесто да. Дарко го цени моето мислење и совет и сака да му помагам во изборот на одредена гардероба, посебно ако не е спортска. 🙂 “

А дали Дарко знае да сугерира?

“Знае да сугерира, а јас му дозволувам да ми влијае при мојот избор на гардероба и кога е во прашање шопинг или облекување за одредена прилика. Ако забележам дека нешто навистина не му се допаѓа, суптилно ќе отпадне од комбинација, хахахаха…”

IMG_0857

Во однос на негата и навиката да  посетува салони за убавина или спа центри, Маја ќе каже дека нејзиниот сопруг ги практикува, но не баш често. Кога станува збор за разубавување или некакви третмани, Дарко најчесто ужива и се опушта со релакс масажа. Инаку поголемиот дел од времето го посветува на спортски активности.

“Како поранешен професионален кошаркар, спортот е неизбежен дел од неговиот живот. Преку недела рекреативно се бави со кошарка, фудбал, тенис… Посетување теретана е редовна секојдневна активност, без исклучоци, оправдувања не се дозволени во никој случај! Хахахаха…”

Со спортскиот начин на живот оди и здравата исхрана! За вниманието кое го посветува на исхраната, одредени диети, режими на исхрана и колку сето тоа му го подготвува Маја…

“Кога се вежба редовно неизбежно е и одржување на добра линија, односно да се внимава на исхраната.  За исхраната која Дарко ја практикува, можеби не би ја нарекла диета, но некој вид на режим постои, на пр. не конзумира одредени видови на храна, се внимава на маснотии, калории, хранлива вредност, протеини; Најголемиот дел од исхраната се состои од пилешко бело месо, риба, ориз… црно чоколада. Во однос на подготовката на оброците, можам да се пофалам дека јас готвам. 🙂 Се трудам редовно да готвам колку што времето ми дозволува со секојдневните обврски што ги имаме. Се разбира некогаш знае и сам да подготви јадење и добро му оди. 🙂 “

Разговорот за бракот, односот на еден кон друг и времето што си го посветуваат не наведе да прашаме дали Дарко е внимателен, џентлмен и внимава на своите манири?

“Маја одговори позитивно, но остави простор за Дарко и понатаму да се труди, нормално да не се почувствува прекомотно хахаха… “Внимателен е, не можам да се пожалам. 🙂  🙂  🙂 Кога сака, знае да биде совршен џентлмен.”

За тоа како си го поминуваат слободното време и кои се омилените дестинација за патување на Дарко, Маја ги спомена сите Грчки острови кои ги имаат посетено, а имаат преубави плажи и боја на вода како никаде на светот. Неспоредлива, прекрасна тиркизна! Наредна посакувана дестинација која планираат да ја посетат следната година им е Хаваи. Ако се оди според план 😉 додава…

Од вообичаените машки пасии, омилени модели на автомобили на Дарко се VW Amarok и Range Rover Sport, и двете големи, да му одговараат на висината 🙂 🙂

А за машките дружби и ритуали со другарите Маја напомена дека додека живееја во Скопје, дечките редовно еднаш неделно се собирале за покер, а сега, последнава година во Мелбурн, најчесто преку викенд со пријателите се случува од се по нешто, кога имаат време ќе се соберат кај некого на виски вечер кои често знаат да се завршат во некој ноќен клуб 🙂 Исто така, често практикуваат кога има некои важни натпревари во кошарка или фудбал, да се соберат и заеднички да ги следат и уживаат.

IMG_8622 IMG_8465

 

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)