Мажот во очите на жената

Мажот во очите на жената со САЊА РИСТИЌ

Untitled-3434
Напишано од Пјер

Харизматична, успешна, креативна, позитивна. Тоа се вистинските зборови со кои можеме да ја опишеме Сања Ристиќ. Моментално работи како маркетинг директор во ТВ 21, а долги години беше дел од маркетинг агенцијата Идеја Плус. Од пред неколку месеци кажа ДА, на еден од најзгодните македонски спортисти, ракометарот Дејан Пецакоски, па бевме љубопитни како оваа тазе брачна двојка функционира во приватниот живот. Особено не интересираше кој и каков е Дејан како сопруг, спортист и јавна личност во очите на Сања и кои се неговите навики, приоритети и вкусови кога станува збор за мода, стил, нега и колку време извојува за својот изглед…

“Премногу… Знае да помине часови во спремање додека не подреди се под конец. Се мора да е екстремно чисто, средено, квалитетно, уникатно, во тренд и боите обавезно да се сложуваат на комбинацијата која ја носи. Косата мора да е средена во перфектна форма, парфемот треба цела околина да го помириса а чевлите беспрекорно да се чисти. Најчесто кога се спремаме да излегуваме јас сум таа што чека спремна на врата додека он се досредува… :)

Изгледа дека Дејан навистина доволно обрнува внимание на својот изглед. Ги прати ли светските трендови?

“Постојано. Ги следи сите светски модни трендови, се воодушевува на интересни комбинации и секогаш со свој примес на идеи си создава свој аутфит. Ако мојот вкус е било каков репер за оценување, не дека ми е сопруг, но ретко гледам на нашите улици маж среден по светски трендови.”

Секоја жена често знае да му сугерира и да му наоѓа забелешки на својот сопруг кога станува збор за изгледот. Колку Сања го прави тоа?

“Кога тој купува најчесто преферира да сум присутна, иако поминувањето по некогаш и по цел час во еден дуќан не ми е највозбудливо :) Имаме слични размислување и вкусови така да моето влијание му е само потврда на неговиот веќе направен избор. Ми верува кога ќе му дадам пофалба или некогаш добронамерна замерка во однос на комбинацијата.”

image

Многу ретко е да се најде маж кој може да го издржи женскиот шопинг. :) Па многу не интересираше дали Сања и Дејан одат заедно на шопинг?

“Кога купувам јас преферирам да сум сама бидејќи сум брз шопер, најесто не го ни пробувам тоа што го купувам. Кога купува Дејан најчесто сме заедно, не му е по кеиф да оди сам – веројатно така бива кај мажите. Ние жените поинаку функционираме, нели од Венера сме ние, а мажите се од Марс…”

Слушнавме како Сања знае да даде некоја добронамерна примедба во однос на изгледот на Дејан. Дали Дејан знае да сугерира?

“Најчесто знае да даде убав комплимент, што и да не ми е по кеиф премногу комбинацијата ми станува убаво да ја носам… Сака да даде сугестија, најчесто кога е нешто уникатно во прашање што го сретнал на интернет. Ги пратиме модните трендови најчесто на профилите на социјалните медиуми, ги коментираме и комбинираме, па нашите комбинации знаеме да ги споделуваме некогаш на нашите профили за мотивација на другите(@sanjalala и @dejanpecakovski).”

image

Повеќето мажи, а особено спортистите имаат по некој посебен ритуал кој секојдневно го практикуваат. Кој е неговиот утрински или вечерен ритуал?

“Долг туш, наутро и навечер, да не кажам предолг…”

Откако дознавме за неговиот посебен ритуал кој го практикува, прашавме кои се неговите омилени брендови на гардероба, козметика, парфем…?

“Гардероба без сомнение Boss Orange или по лежерна варијанта на Diesel, парфем што секогаш мора да е присутен на полицата за парфеми е Tom Ford Velvet Orchid, а од козметика користи Clinique.”

image

Како што кажавме погоре, Дејан важи за еден од најзгодните македонски спортисти. Сигурно ве интересира како успева да ја одржува формата?

“Освен што професионално се бави со спорт и имам два тренинзи дневно, вози велосипед, оди на фитнес или заедно планинариме…”

За добар изглед, потребна е здрава исхрана. Изгледа дека Сања навистина ја владее кујната, или пак Дејан сам си води грижа за својата исхрана!? Кој е шефот во кујната?

“Шефот сум јас, многу сакам да готвам. Ја обожава мојата кујна, но со оглед дека е вегетаријанска знае и да забушава со малку по нездрава храна и надвор од дома… Диети не држи никогаш.”

Што е она без кое неможе да си го замисли денот?

“Денот на Дејан неможе да започне без шоља кафе, а во последно време и без да праша по неколку пати што прави бебето во стомакот :) ”

Кога прашавме за нивната омилена дестинација, Сања веднаш го спомна островот Санторини.

“Или е преубав или ние сме презаљубени и преубаво го доживеавме но не би го заменила за ниедно место на планетата каде што сум била до сега.”

За еден маж да важи за вистински џентлмен, покрај добриот изглед треба да внимава и на своите манири и навики. Што ќе каже Сања во овој поглед за Дејан?

“Искрено сеуште немам запознаено толку внимателен маж и толкав џентлмен во мојот живот и ми е криво што кај нас мажите со такви квалитети се толкава реткост. Жално за женскиот род.”

Како што слушнавме од Сања, Дејан важи за еден навистина внимателен маж. Навистина не интересира дали знае да те изненади?

“Ме изненадува често со некое мало внимание – тие ми се омилени. Последно беше за нашата годишнина брендиран привезок со особено големо значење за мене. Од првиот ден кога се запознавме ме освојува со неговата смисла за хумор која не изумира, убавата насмевка и неговара толеранција и смиреност. Јас сум малку по енергична и избрзувам, па се вклопуваме како перфектен јинг-јанг.”

Дејан е моментално надвор од државата, па како Сања се снаоѓа сама?

“Со оглед дека немам некој избор, морам да се снаоѓам хахаха. Шега на страна, добро сум се снаоѓам, кога премногу ми недостасува, како сега, купувам карта и одам да го посетам. Во следниов период ќе бидам 2 недели во Тунис кај Дејан.”

image image image

 

За авторот

Пјер

Остави коментар