Uncategorized Мажот во очите на жената

Мажот во очите на жената со ЗОИ БЛАЖ

Напишано од Нино

За прв пат се појави на македонската музичка сцена на нејзините 16 години, важи како млада, талентирана, атрактивна, а пред се за една позитивна личност. Младата пеачка Зорица Блажева во јавноста позната под нејзиното уметничко име, Зои Блаж реши ексклузивно за Friday.mk да ни открие како таа го замислува Скопскиот Фраер, колку според неа македонските мажи водат грижа за својот изглед и дали според неа сеуште постојат вистински џентлмени.

Како што кажавме погоре Зои Блаж ја започнала својата кариера на 16 години со песната ‘Сама’ со која настапуваше на фестивалот „Сунчане скале“.

“Постојам речиси пет години на македонската естрада и зад себе имам неколку песни и видео записи. Во моментов можам да се пофалам дека спремам нешто ново кое се би требало да излезе наскоро. Нека остане како една мала тајна! 🙂 “

Зои неможе да го започне денот без своето прво кафе, секое слободно време се труди да го искористи во прошетка со пријателите, а не пропушти да каже дека нејзиниот ден неможе да си го замисли и без пеењето.

Се труди на секој начин да вложува во себе, како и секоја дама така и на Зои шопингот и е слаба страна.

“Шопингот ми е слаба страна, сакам уникатни работи и често знам да шијам во Atelier by Ива. Сакам гардроба, шминки и навистина сакам да експериментирам со изгледот.”

Често ќе ја видите во Anti Aging Center by Promoitalia каде што си го средува лицето и телото. “Едноставно секогаш сакам да бидам средена” – додаде Зои.

12498923_483664918500543_1565175010_n

Дојдовме до Скопскиот фраер. Според Зои секој маж треба да води грижа за себе и за својот изглед, па така и таа го замислува Скопскиот фраер. Висок, убаво граден, со убава насмевка, но пред се со чиста душа.

“Искрено ме радува што мажите кај нас се повеќе и повеќе водат грижа за својот изглед и за стајлингот, а особено што ги следат актуелните модни трендови.”

Дали преферираш мажи што негуваат формален бизнис стил или спортска кежуал варијанта?

“Па се зависи од пригодата. И двата стила ми се супер, но ако треба да бирам, тогаш би ја одбрала спортската кежуал варијанта.”

Често знае да им сугерира на своите пријатели од машкиот пол при изборот на гардероба. “Секогаш сум искрена и знам да кажам дали ми се допаѓа или не.” – додаде Зои. Сака да ги придружува во шопинг и тоа најчесто го прави со брат и и татко и.

На ова спонтано се наметна прашањето: Колку пак мажите знаат да ти сугерираат на твојот изглед?

“Да бидам искрена, досега само ми давале пофални зборови. 🙂 “

12899684_483664921833876_1460274627_n

Првата работа која што ја забележува кај мажите се очите.“Од нив можеш се да дознаеш.” – додаде. Кога ја прашавме колку кај нас мажите се вистински џентлмени Зои ќе рече:

“Не е како што имало, но сепак сеуште постојат”

Што сакаат повеќе жените Алфа мажјак или Boy-toy?

“Па мислам дека алфа мажјак.” 

12498915_483664955167206_1145371458_n

12899895_483664968500538_1949147116_n

12325161_483664958500539_1078466437_n

12498981_483664911833877_2025452550_n

 

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)