Uncategorized Бизнис совети

Мет Дејмон: Најдобриот бизнис совет кој сум го добил

Напишано од Нино

Мет Дејмон е одличен актер, а како дошол до сјајната кариера сподели во видеото кое го објави NLP Институтот. Изгледа дека во тоа му помогнале советите кои ги добил кога бил млад.

„Најдобриот совет кој сум го добил?!…. па, ќе ви кажам две работи“.

Кога бев млад, сите ми говореа да не бидам актер. До денешен ден тоа е токму она што и јас им го кажувам на луѓето кои ќе дојдат кај мене и ми велат: „Размислувам да се занимавам со глума, што мислите вие?“

Им велам: Апсолутно не! Тоа е ужасна идеја, не го правете тоа! Бидејќи токму така сите ми говореа на мене.

Мислам дека ако сакате да успеете во овој бизнис, кој е полн со одбивања и потешкотии, морате да верувате во себе, и покрај тоа што ви го говорат оние кои ги сакате или во кои верувате. Тоа е многу лично патување.
Значи, тоа навистина помогна. Советот да се држам понатака од оваа кариера беше навистина од помош.

Вториот совет кој би го споделил….

Мојот учител за глума Џери Спек, кој имаше огромно влијание на мене ми кажа само пет зборови:

„Само, направи ја својата работа, дечко“

И ми повторуваше толку пати, повторно и повторно – „Само, направи ја својата работа, дечко“.

Тоа е она на кое можам секогаш да се вратам. Тоа е мојата почетна точка.

Кога имам сомнеж само се фокусирам на својата работа. Ако на филмот се отиде погрешно, ќе се погрижам мојата работа да биде веродостојна и тогаш одам понатака. Тоа е прекрасно место за почеток. Тоа е добра основа.”

matt-damon-interview-jason-bourne

 Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)