Интервјуа

Мики Недиќ: “Мажите кај нас си посветуваат внимание на себе си се почесто и почесто”

Напишано од martin

Денеска нашиот тим се дружеше со Мики Недиќ, познат македонски модел од Моделс Ин Скопје, лице на повеќе спотови од македонската естрада, лице кое што позади себе има неколку снимени реклами и актуелен инфлуенсер на Инстаграм. Тој е во топ 15-те најследени личности во Македонија. За модата во Македонија, неговот секојдневие и навики, ќе дознаете од интервјуто со Мики, кое што вреди да се прочита.

Кој е Мики?

Мики Недиќ е личност која живее сосема нормален живот, посветен на својата љубов, семејство и блиските луѓе кои ме опкружуваат. Личност која не сака досадно секојдневие и сака многу да патува. Сака да запознава нови места, нови луѓе и да ги изненадува битните личности од неговиот живот. Знае да греши, но и да се извини. Не сака помодарство и претеризам што се однесува за се во животот. Нормалното и обичното ме прават среќен човек.

Колку според Мики, мажите во Македонија водат грижа за својот изглед?

Па ќе бидам најискрен! За мене водењето грижа на еден маж е да биде секогаш на едно високо ниво во однос на хигиената. А стилот на облекување и начинот на живеење си го одредуваме сите ние како нам ни одговара. За разлика од жените, ние мажите можеме со многу малку труд да бидеме секогаш средени. И да напоменам, дека мажите кај нас си посветуваат внимание на себе си се почесто и почесто.

I love the city 😘

A post shared by Miki Nedic (@mikimikelle) on

Колку Мики води грижа за својот изглед?

Водам грижа за себе, барем мислам дека водам. Profi Gym во Кисела Вода е местот каде вежбам секојдневно по 2 часа сигурно. Сакам да сум секогаш колку-толку во форма. Знам да претерам со јадење но голема среќа е што кога и да ставам килограми, за многу брзо време е враќам во некоја нормала. Не користам некои посебни креми, можеби гените се битен фактор да не стареам бргу. Го сакам оној најопуштен начин што се однесува за фризура, и морам да кажам дека брадата ми е омиленото нешто кај себе.

5 работи без кои не можеш да си го замислиш денот?

5 работи без кои не можам да си го замислам денот, хммм… Прво без мобилен телефон, второ без цигари, трето без музика, четврто без цедевита, и како пето кашкавал.

Barcelona

A post shared by Miki Nedic (@mikimikelle) on

Омилен бренд на гардероба?

Омилен бренд на гардероба немам. Купувам секаде без разлика дали е тоа ефтино или скапо парче на гардероба. Не патам од оној комплекс да на себе носам, гардероба која е брендирана. Во принцип, не сум комплициран за гардероба која е брендирана, зошто сум љубител на едноставни и повеќе еднобојни парчиња на гардероба. Но морам да кажам, NAVIGARE среќа па ни го донесоа во Скопје и одлично ми прилега кога сакам да сум добро дотеран за секоја прилика. NAVIGARE буквално ги обожавам па знам да одам често во Скопје Сити Мол да купам некое модно парче од таму. Можеби за патики и кондури давам повеќе пари од вообичаеното. Nike Air Max морам да ги издвојам како омилен модел на патики.

Омилена дестинација на која си бил?

Ухх… Патувам многу и сум посетил многу земји. Убава ми Прага, Барселона, Каиро, уживам секогаш кога одам во комшиите во соседна Грција, која ми е омилена земја. За на крај го оставив омилениот мој град во кој што поминав еден мал период од мојот живот, а тоа е Копенхаген. Го обожавам, едноставно ме прави среќен и дефинитивно е мојата омилена дестинација. Посетете го градот, вреди!

Work in progress… Naigare

A post shared by Miki Nedic (@mikimikelle) on

Што најмногу сакаш во твојата работа?

Што се однесува до работата, кога сум на сликање за некаква реклама или каталог, сакам кога успевам да го доловам клучниот момент за да сето тоа биде на крај успешно. А кога се работи снимање на спот или реклама, ја сакам динамиката и потполно се внесувам во сценариото кое ми е дадено како обврска. А онаа секојдневна работа во моментов сум во MacSun која е некарактеристична за мене, односно канцелариска, меисполнуваат пред се колегите, а штом ви се колегите одлични, работата е без проблем завршена. Си ја сакам работата моментално и ме исполнува.

Омилена модна комбинација?

Фармерки, бела маица, црна кожна јакна и патики во комбинација со наошари за сонце без кои не можам дури и во зима. Но, повторно морам да го издвојам брендот NAVIGARE, кој е италијански бренд, познат по својот квалитет и елегантност, односно бренд каде што модните комбинации ги склопувам многу лесно и едноставно.

Sunday ☀️

A post shared by Miki Nedic (@mikimikelle) on

За авторот

martin