Бизнис совети

Милијардерот Ричард Бренсон го дава неговиот најдобар совет

Напишано од Пјер

За да бидете продуктивни и успешни, милијардерот и основач на „Virgin Group“, Ричард Бренсoн, вели дека прво треба да му обрнете внимание на времетo и било каде, а особено на работа и состаноците, да не доцните.

„Подобро е да подраните три часа, отколку малку да задоцните“ – Вилијам Шекспир.

„Без оглед дали станува збор за состанок, лет, деловен ручек, секогаш потрудете се да се појавите во она време во кое сте ветиле дека ќе се појавите“, вели тој додавајќи „ова можеби звучи старомодно, но мене ми служи одлично веќе 50 години во бизнисот“.

Не само што другата страна ќе ве цени, туку тоа ќе влијае и на вашата ефективност во текот на денот.

„Еднаш кога ќе закасните, тешко ќе го фатите ритамот во текот на денот. Да сте точни не значи дека треба да брзате цело време“, објаснува тој и додава „Тоа едноставно значи ефективно организирање на времето“.

Бренсон објаснува дека не треба круто да се држите до распоредот, туку да бидете флексибилни. Ако не можете да стигнете – делегирајте. Извинете се што доцните и испратете некој друг наместо вас.

Тој исто така вели дека не може се да се одвива според планот, и дека не можете се да постигнете, но вели дека сепак треба да се обидете.

За авторот

Пјер