Троши

Младите најчесто ги прават овие три финансиски грешки

Напишано од Нино

Иако погрешните чекори во дваесетите години од животот можат да бидат поправени подоцна, постојат одредени работи кои младите не е препорачливо да ги направат.

Најважно е да не го трошите залудно сопствениот потенцијал!

Еве ги трите најчести грешки кај луѓето во дваесетите години…

Предвремен брак

Во дваесетите ви изгледа како сите да се во брак освен вие, а во триесетите ви изгледа како сите да се разведуваат.

Многу луѓе премногу рано се залетуваат кон олтарот, а неколку години потоа доаѓа кризата, а често и разводот. Доколу сакате да ги избегнете последиците како што е отплата на станбен кредит, заеми од роднините и останатите компликации, добро размислете пред конечно да кажете „Да“.

Користење кредитни картички

Иако крдитната картичка во моментот ви обезбедува одредена моќ, сепак моментот кога ќе дојде месечната сметка може да стане вистински кошмар. Откако успешно сте го завршиле факултетот по долгите години студирање и скромен живот, сигурно големо е уживањето во првата плата и можноста за кредитна картичка која лесно може да ве залаже. Таа, сепак повеќе ќе ве осиромаши и поради тоа потребно е да размислите дали навистина имате потреба од неа.

Работа која не ве исполнува

Лоша работа која може да ви се случи во дваесетите години е работно место кое не ве исполнува. Наместо да размислувате на начинот „барем имам плата“, вие треба да се изборите за својот живот и да ја пронајдете онаа работа која навистина ја сакате, во спротивно незадоволството посепено ќе се зголемува, а неколку години подоцна кога ќе одлучите да ја промените таа работа може да биде несоодветен, така што постои можност да си ја загрозите финансиската ситуација во годините во кои навистина е потребно таа да биде на задоволително ниво.

Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)