Стил

Моден водич: избор на вратоврска која ќе ви одговара

Напишано од martin

Вратоврската е неопходен аксесоар за секој маж и таа е задолжителна ако сакате да оставите легантен впечаток. Меѓутоа доста од мажите не знаат како да ја одберат совршената вратоврска. Дали таа треба да биде долга или кратка? Дали да биде еднобојна или со принтови?

Бојата игра голема улога во изборот на вратоврската. Црната вратоврска секогаш се користи за сериозните прилики, но останатите бои може да го нарушат вашиот изглед. Затоа потрудете се секогаш вашата вратоврска да биде во потемна боја од останатите ваши парчиња и секогаш гледајте да ја вклопите со бојата на вашиот костум или чевли.

Вратоврските може да се најдат во различни бои, често може да се видат и во принтови и шари. Ако носите пругаст костум, пругастата вратоврска одлично ќе се вклопи. Шарените вратоврски пак тешко се вклопуваат и тие често одскокнуваат од изгледот, па најдобро би било нив да ги избегнувате.

За авторот

martin