Стил

Моден водич за monk strap чевлите

Напишано од martin

Monk Strap чевлите се еден од нашите фаворити, кога станува збор за машкиот стил. Пред се поради тоа што се класични, мангупски и разноврсни. Тоа може да се носи во различни средини, во различни комбинации, секогаш правејќи ве вас да изгледате храбро. Овој тип на чевли е се попопуларен во последниве неколку години и тоа со добра причина.

Разликата е во деталите, а чевлите играат важна улога во секоја модна комбинација. Никогаш не треба да ја потценувате нивната моќ, бидејќи тие можат да кажат многу за вас. Овој тип на чевли може да се најде како два типа, single или double monk strap. Тие имаат долга историја! Најпрво биле носени од страна на монасите во текот на 15 век, како потрајни и побезбедни верзии од сандалите кои тогаш ги носеле. Легендата вели дека дизајнот бил донесен во 1900 година од еден посетител во Англија, и тие станале популарни за многу кратко време.

Како да ги носите?

Како што кажавме погоре, овој тип на чевли е доста популарен за различни пригоди. Тие може да се носат на важни деловни бизнис средби, па и на обична вечер со пријателите. Одлично стојат со костум, кежуал панталони, па речиси и со кожна јакна. Сето ова зависи од самите вас!

Каде да ги најдете?

Денеска се решивме да ви презентираме неколку модели на monk strap чевли, направени од македонскиот бренд DIAS Shoes & Bags кој произведува custom made чевли. Можете да ги контактирате на нивната Фејсбук фан страна и Инстаграм фан страна, или пак на телефонот 078/399-858.

За авторот

martin