Задолжително

Модни постулати на витинскиот џентлмен

Напишано од martin

Тајната на модерниот господин е во познавањето на својот стил, негувањето и неколку навики до кои се држи.

Џентлменот планира однапред

Со оваа едноставна наука може да заштедите многу часови годишно. Планирајте однапред што ќе облечете следното утро. Наместо да губите време што да облечете следниот ден, поминете време со доручек со најблиските.

Џентлемнот не се плаши да ризикува

За да се истакне џентлменот, понекогаш мора да превземе некој ризик кога е во прашање стилот.

Џентлменот ја познава разликата во стилот и модата

Стилот е работа на личен избор, безвременски е, и не го менува во сезоните. Модата од друга страна е со краток век, привремена и варира од сезона во сезона.

Џентлменот сака едноставен пристап

Едноставен, а значаен пристап. Едноставноста во суштина е најдобар начин за постигнување на добар стил. Таа може да се постигне со неутралните бои.

Џентлменот промислено донесува одлуки

Со други зборови, верувајте на инстинктот. Тоа што според инстинктот ќе биде добар избор, земете го и облечете го.

Џентлменот не размислува за брендот на гардероба

Не е важно колку некое модно парче чини или пак кое име го носи. Вашиот стил не зависи од тоа да имате Хуго Бос костум, ако имате поефтин костум кој одлично ви стои. Битно е да се чуствувате удобни во тоа што го носите.

За авторот

martin