Пијалоци

Најдобрите текили во светот

tequila-shots-940x587
Напишано од Мартин

Некои од вас сигурно ќе речат дека не посто лошо време за малку текила. Тоа значи дека не постои подобро време од ова сега, благодарение на бумот на традиционално ориентираните текили и поголемата достапност на долгодишните мексикански брендови кои немаат големи буџети за маркетинг. Борбата денеска не е да се најде врна, препознатлива и рафинирана текила која веднаш го брише вашиот мамурлак, проблемот е да се одлучите од безбројте опции кои ги имате.

Текилата е направена од еден вид на агава или сина агава која што може да се најде во сушните низини и дождливи предели надвор од Гвадалахара во државата Халиско. Кога агавата ќе достигне зрелост по неколку години, нејзините срца богати со шеќер се готват. Извлечениот сок се ферментира и потоа се дестилира. Неколку фактори се во игра во секоја фаза од процесот, но за една текила да биде квалитетна мора да биде целосно агава, без адитиви.

Она што треба да го знаете и важи како правило број еден, е никогаш да не купувате текила која не е 100 % агава. Постојат повеќе видови на текили. Blanco претставува чиста текила која што седи во дабови буриња до два месеца. Golden reposado е текила која е на возраст од два месеца до една година и Dark añejo е текила која што е складирана во дабовите буриња во период од една до три години. За разлика од вискито и виното, онаа текила која што е складирана и чувана подолго време не значи дека е подобра. Доколку се одлучивте за вашиот следен пијалок да биде текила, гледајте да биде квалитетна, а поради таа причина решивме да направиме листа од дел од најдобрите текили во светот.

За авторот

Мартин

Остави коментар