Стил

Некои бизнисмени знаат навистина добро да се носат

Напишано од Нино

Да се биде добар во сите аспекти на животот е навистина важно. Добриот стил покажува го изразува вашето чуство за амбивција. Вие никогаш нема да можете да го видите извршниот директор на некоја компанија да биде во фармерки и маица од понеделник до петок. Па кога станува збор за канцелариско облекување, овие се гоподата кои вреди да ги знаете и да ги погледнете. Они се еден дел од најдобро облечените мажи во бизнис светот.

Том Форд

Тој се покажа навистина добро во неговото режисерско деби на филмот A Single Man, кој важи за еден од најстилските филмови на 21-от век. Неговата модна империја е една од најуспешните во тој бизнис. Она што го одликува е доброто познавање и комбинирање на костум. Навистина ретко може да го видите во лабаво издание.

Кристофер Бејли

Пред Бејли да дојде на одборот на Burberry, компанијата имаше мал кредибилитет. Но со силно чуство кон историјата, Бејли се искачи на врвот во светот на модата, каде што тој сеуште цврсто стои. Не само што стана еден од најпочитуваните џентлмени во светот на модата, тој важи и за еден од најдобро облечените.

Лапо Елкан

Повеќето од вас го препознаваат повеќе по добриот уличен стил, за разлика по успешноста во бизнисот. Елкан е внукот на Џани Ањели кој е на чело на компанијата Fiat. Познат е по тоа што постојано ги поместува границите кога станува збор за сопствениот стил.

Лука ди Монтеѕемоло

Во времето кога тој бил на чело на Ferrari, Лука важел за еден од најдобро облечените господа во бизнисот. И сега, години подоцна, тој сеуште  работи на себе и напредува и во бизнисот и во стилот. Ретко може да го видите без костум и вратоврска, а неговиот италијански стил го претставува како стилски бизнисмен.

Стефан Винкелман

Голем дел од најдобро облечените господа работат со коли, а еден од тие е и претседателот на Lamborghini, Срефан Винкелман. Секогаш паметен, но со предност која често може да се најде во бизнис светот. Познат е многу по неговиот сериозен и класичен стил.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)