Кариера

Најдоброто работно место конечно и во Македонија

Напишано од martin

Дали некогаш ти се случува кога стануваш наутро за на работа или на факултет да се прашуваш: Дали навистина ми е потребна толку работава за да станам, или што толку страшно би се случило ако денес не отидам на факултет, само за да  останеш во топлиот и удобен кревет. Дали понекогаш додека си на работното место или на предавање си велиш се би дал моментално да можам да си легнам и си го замислувате креветот како ве повикува, па дури и си мислиш дека креветот всушност е твојата сродна душа.

Често на интернет гледаме различни работни места кои постојат низ светот како: тестер за мебел, професионален гушкач, но со сигурност можеме да кажеме дека најомилено е професионален спијач.

Сите овие години честите изјави од пријателите за тоа како ни топ не те буди сега е во твоја корист.

Најдоброто работно место пристигнува и во Македонија, па твојот сон сега може да биде  и реалност со понудата на Дормео за спијачи. Па ако си супер талентиран спијач пријави се на http://www.spijaci.mk/ и биди еден од спијачите на Дормео кои ќе бидат наградени со 100 евра за 8 часови спиење.

Спијачкиот ангажман ќе се одвива во еден од нивните салони, и едниствениот услов кој треба да го исполните е да можете да спиете во гужва и под притисок.

Па ако ова ви личи како работа од соништата пријавувањето трае најкасно до 18 Март.

Убави сништа!

За авторот

martin