Кариера

И најголемиот проблем на работа може да се реши со овие 4 чекори

Напишано од Пјер

Стресот на рaбота на многумина им ја нарушува рамнотежата, а особено оние ситуации кои предизвикуваат поголемен стрес од останатите.

Но, постојат начини за решавање и на најголемиот проблем, а ова се четирите чекори кои треба да ги преземете.

Контролирање на емоциите

Вие се живо суштество и затоа немојте да ги занемарувате своите емоции. Обидете се да дефинирате како се чувствувате, а потоа размислете поради што се чувствате така и кои мисли ја предизвикале појавата на сомнеж, страв и фрустрација. Ако ги избирате своите мисли, тогаш изберете ги оние кои прават да се чувствувате добро и сигурно.

Разгледајте ја ситуацијата

Откако ќе воспоставите емотивен мир, насочете се кон проблемот. Пробајте смирено да ја опишете ситуацијата од која барате излез, онака како што тоа би го направил новинар или некој кој не е дел од проблемот. Запишете ги сите факти – што се случило и поради што се случило, целосно објективно. Истражете ја ситуацијата од сите страни со цел подобро да ја разберете.

Направете план

Откако сте воспоставиле емотивен баланс и објективно сте ја согледале ситуацијата, време е да тргнете кон решавање на проблемот. Напишете неколку алтернативи кои би можеле да ви помогнат – размислете кои чекори секоја алтернатива ги подразбира, а потоа изберете ја онаа која можете најлесно да ја примените.

Барајте позитивни страни

Секое искуство може да ве научи полесно да ги контролирате своите мисли и чувства. Секоја ситуација, колку и да е тешка има своја цел. Инаку како поинаку би знаеле за што сте способни и со што се можете да се носите.

За авторот

Пјер