Архитектура

Најлуксузната куќа од дрво се наоѓа во Мексико

Во срцето на Мексико, во сред џунгла на почетокот на плажата Пунта Салујита, се наоѓа преубавата куќа која што е направена од масивно дрво. Куќата се состои од два нивоа од отворен тип, за светлоста да биде постојано присутна. На двете нивоа се спремни три спални соби со две купатила, додека постои можност за додавање на уште една соба за гости. Оваа куќа е измислена за љубителите на добра забава, зошто на трите тераси има место да собере до 50 луѓе, додека на првото ниво може да се најде и базен со џакузи.

За авторот

martin