Селебрити

Најпознатите изјави на Посебниот

Напишано од martin

Легендарниот португалски тренер кој освен тоа што е познат по своите резултати, тој е познат и по неговите изјави кои се паметат се до ден денес. Еве дел од нив!

  • Ве молам немојте да ме викате арогантен, јас само ги зборам работите кои се вистина. Јас сум шампион на Европа, јас сум посебен.
  • Мислам дека Венгер е воајер. Тој сака да гледа други луѓе. Тој постојано збори за Челзи.
  • Зборот страв не постои во мојот речник.
  • Ние имаме одлични играчи, извинете ме што сум арогантен, но имаме и одличен тренер.
  • За мене притисокот е птичји грип. Многу поголем притисок чуствувам за птичјиот грип во Шкотска. Тоа не е забавно и навистина сум уплашен.
  • Не е важно како играме. Ако имате Ферари, а јас мал автомобил, за да ве победам потребно е да ви ги дупнам гумите.
  • Подобро би играл со 10 играчи, отколку со играч кој касни на клубскиот автобус.
  • Ако уживате во тоа што го правите, не ја губите косата. Гвардиола е ќелав, тој не ужива во фудбалот.

За авторот

martin