Автомобили

Најпродаваните автомобили во Европа

Напишано од martin

Со значителен пад на продажбата во првите седум месеци од годината, Volkswagen Golf продолжува да доминира на европскиот автомобилски пазар. На второ и трето место, со минимална разлика се подредуваат Volkswagen Polo и Renault Clio.

Според податоците на агенцијата Focus2Move, хит моделот за брендот, легендарниот Golf, евидентира 319.238 реализирани единици за периодот јануари-јули, што претставува намалување од 10,9% во споредба со истиот период минатата година, но сепак и натаму е на лидерската позиција и останува најбаран модел на пазарите на Стариот континент. Volkswagen Polo забележува подобрување на побарувачката од само 0.2%, реализирани вкупно 234.877 единици, а кај францускиот претставник од субкомпактната класа зголемувањето е 10,7%, или пласирани 226.606 единици.

Во Топ 10 на најпродаваните нови автомобили во Европа од почетокот на годината влегуваат исто така Ford Fiesta (-5.3%, 178.097), Nissan Qashqai кој се искачи за една позиција во споредба со минатата година (+ 6.7%, 174.357 ), Opel / Vauxhall Corsa (-8.2%, 159.166), Opel / Vauxhall Astra (+ 2.8%, 158.777), Škoda Octavia (-2.1%, 156.446), Peugeot 208 (-1.2%, 156.261) и Ford Focus (+ 5%, 156.250).

Превземено од avtoplus.mk

За авторот

martin