Луксуз

Најскапите државни автомобили во светот

Сите знаеме дека познатите државни лидери сакаат да се возат во скапи и луксузни автомобили. Кралеви, претседатели, премиери, сите тие уживаат во луксузот кој што им го носи самата позиција, а лускузните автомобили се само дел од тоа. Нема да коментираме дали ова е добар или лош начин, туку само ќе ви ги претставиме автомобилите во кои се возат познатите светски лидери.

Rolls Royce Phantom VI $148.645 – Брунеи

Султанот од Брунеи секаде патува со својот скапоцен Rolls Royce.

Mercedes-Benz S600L $174.890 – Германија

Секако дека во владата на Германија доминира Mercedes како возило, па баш поради тоа и германскиот претседател ужива да се вози во него.

Mercedes-Benz S600 (W221) Pullman Guard $180.000 – Индија

Еден од најлуксузните автомобили кои ги поседува владата на Индија.

Mercedes-Benz W221 $250.547 – Филипини

Уште еден скапоцен Mercedes кој се најде на оваа листа, но вој пат кај државниот врв на Филипините.

Mercedes S-Class Limousine $251.417 – Русија

И рускиот претседател Владимир Путин може да се пофали дека на работа оди со германски автомобил.

Maybach 62 $394.000 – Малезија

Малезија исто така може да се пофали со германски автомобил, но не Mercedes, туку Maybach.

Jaguar XJ Sentinel $455.025 – Велика Британија

Британците си се одлучија нормално за нивната домашна марка, Jaguar.

Maybach 62 Limousine $500.000 – Тајланд

Државниот врв на тајланд се одлучи да одбере автомобил кој вреди половина милион долари.

Mercedes-Benz M-Class $524.990 – Ватикан

Папата е познат по својот Mercedes M класа кој кај јавноста е позната како Папамобил.

Hongqi Limousine $801.624 – Кина

За овој кинески автомобил можеби не сте чуле, но кога ќе ја погледнете цената, веројатно ќе ви стане јасно дека станува збор за нешто перфектно. Овој автомобил, важи и за најскап во Кина.

Cadillac One $1.500.000 – САД

Ако некогаш го видите американскиот претседател, тоа веројатно ќе биде во овој Cadilac.

Bentley State Limousine $15.167.500 – Англиската кралица

Конечно стигнавме и до најскапиот дрѓавен автомобил во светот кој припаѓа на англиската кралица.

За авторот

martin